Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Обврзник за плаќање и обврзник за пресметка и уплата на придонеси

ОБВРЗНИК ЗА ПЛАЌАЊЕ на придонеси од задолжително социјално осигурување е физичко лице/осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите и персоналниотданок, односно:

  1. Работник во работен однос кај правно лице
  2. Извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво, доколку не се осигурени по ниеден друг основ
  3. Самовработено лице
  4. Индивидуален земјоделец (односно носител на семејно земјоделско стопанство од прва, втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој, почнувајќи од 1 декември 2017 година)
  5. Верско службено лице
  6. Привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност, согласно со Закон
  7. Работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство
  8. Инвалид на трудот за време на користење на право на професионална рехабилитација согласно
    со закон
  9. Самостоен уметник кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со соодветен акт на министерот за култура
  10. Врвен спортист кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со
    соодветен акт на Агенцијата за млади и спорт

ОБВРЗНИК ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА на придонеси од задолжително социјално осигурување е субјектот кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси да ги пресмета, задржи и уплати придонесите и персоналниот данок.

  1. Работодавач
  2. Правно лице – исплатувач на паричен надоместокот
  3. Самовработено лице
  4. Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија
  5. Фондот за здравствено осигурување на Македонија
  6. Работодавач или Фондот за здравствено осигурување на Македонија за работник кој зема надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа, согласно со закон
  7. Агенцијата за вработување на Република Македонија
  8. Министерство за здравство
  9. Управа за извршување на санкции
  10. Установа од областа на образованието
  11. Професионален спортски клуб
  12. Извршител
  13. Стечаен управник

Поднесување на пресметка за плата за специфични категории

  • ФПИОМ поднесува образец “МПИН“ пресметка за самовработено лице; верски службени лица; индивидуалните земјоделци, односно носители на семејно земјоделско стопанство; лицата во продолжено осигурување само за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување; Граѓанин на Република Македонија кој е упатен на школување во странство, како и странец кој се наоѓа на школување во Републиката ако државата, чиј граѓанин е тој, исто така постапува со граѓани на Република Македонија, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено; државјанин на РМ вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, а имал живеалиште на територијата на РМ непосредно пред засновање на работниот однос во странство; странец кој на територијата на РМ е во работен однос или во служба на странски физички лица и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва; државјанин на РМ кој на територијата на РМ е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено; државјанин на РМ вработен во странство во држава во која е задолжително осигурен, но во која правата од пензиско и инвалидско осигурување неможе да ги остварува или неможе да ги користи надвор од таа држава; како и “МПИН“ пресметка за пензионерите само за придонесот за задолжително здравствено осигурување.
  • АВРМ поднесува “МПИН” образец за невработените лица кои примаат паричен надоместок, за лицата кои се на обука, преквалификација или доквалификација и осигуреник кој пристапил во продолжено осигурување согласно Закон.
  • ФЗОМ поднесува “МПИН” пресметка за верски службени лица; индивидуалните земјоделци односно носители на семејно земјоделско стопанство; државјанин на РМ вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, а имал живеалиште на територијата на РМ непосредно пред засновање на работниот однос во странство; државјанин на РМ кој прима странска пензија или инвалиднина додека престојува на територијата на Републиката; странец кој на територијата на РМ е во работен однос или во служба на странски физички лица и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва; странец кој се наоѓа на школување или стручно усовршување во Републиката; сите лица кои немаат право на здравствено осигурување по друга основа.
  • Министерство за здравство за граѓани на Република Македонија кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување по ниедна друга основа; и работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство.
  • Министерството за култура е обврзник за пресметка и уплата за врвни уметници.
  • Агенцијата за млади и спорт е обврзник за пресметка и уплата за врвните спортисти кои се стекнале со таков статус врз основа на решение од Агенцијата.
  • Професионален спортски клуб за спортист аматер.
  • Биро за регионален развој поднесува МПИН пресметка само индивидуалните земјоделци со кои Бирото има склучено договор за субвенционирање на придонесот за ПИО.
  • Центар за социјални работи поднесува МПИН пресметка за исплата на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на потешко хендикепирано дете.
  • Општината (локална самоуправа) е обврзник за пресметка и уплата за невработените лица кои ќе извршуваат јавни работи.
  • Установа од областа на образованието за ученик и студент за време на практична работа.
  • Управа за извршување на санкции за лица на издржување на казна затвор за време на редовна работа што ја врши во текот на издржување на казната.
  • Извршител за обврзник за плаќање за кој има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда.
  • Стечаен управник за обврзник за плаќање вработен кај должникот кого го застапува и претставува, за месеци пред отварање на стечајната постапка, доколку распределениот дел од стечaјната маса за придонеси е помал од обврската за придонеси пресметана од должникот.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија