Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      
Recnik
Даноци на имот

Развој на системот

  • од 01.01.1994 година до 30.06.2005 година (согласно Законот за даноците на имот од 30.12.1993 година), утврдувањето и наплатата на даноците на имот - данок на имот, данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности и права, го врши Управата за јавни приходи. За време на важењето на овој закон даночните стапки беа фиксни.
    Во првите три години на примена на законот, стапките по вид на данок се движеа од 0,10% за данокот на имот, потоа стапките кај данокот на наследство и подарок се различни во зависност од наследниот ред. Па така данок на наследство и подарок не плаќа наследник, односно примател на подарок од прв наследен ред, а додека од втор наследен ред - стапката беше 5% и за трет - данокот се пресметуваше по стапка од 10%. Стапката на данокот на промет на недвижности и права беше 3%.
    Со законската измена и дополна која отпочна со примена од 01.01.1997 година настана една промена во поглед на висината на даночните стапки кај вториот и третиот наследен ред, поточно тие се намалија на 3% кај вториот, односно на 5% кај третиот наследен ред. Со оваа законска измена се избриша и одредбата со која се уредуваше начинот на оданочување со данок на имот на сопственоста на подвижен имот со стапка од 0,50% од пазарната вредност на имотот и тоа: патничко моторно возило над 1,8 литри работна зафатнина на моторот, автобус, товарно моторно возило, товарно приклучно возило, трактор, комбајн, пловен објект и авион, доколку тие не служат непосредно за вршење на дејноста.
    Висината на даночните стапки се задржа на ова ниво се до важењето на овој Закон, а тоа е заклучно со 30.06.2005 година.
  • Во 2005 година се започна со процесот на децентрализација во Република Македонија. Со новиот Закон за даноците на имот, кој отпочна со примена од 01.07.2005 година, надлежноста над даноците на имот од Управата за јавни приходи премина кај единиците на локалната самоуправа (општините и Град Скопје).
    Според Законот за даноците на имот кој е сега во примена, одредбите се изменети согласно со настанатата децентрализација. Сега утврдување и наплата на даноците на имот врши општинската администрација, администрацијата на општините во градот Скопје и администрацијата на градот Скопје. Даночните стапки се пропорционални, а висината на стапките на секој вид на данок ја утврдува Советот на општината, со Одлука.

Во групата на даноци на имот спаѓаат:

  • Данок на имот
  • Данок на промет на недвижности
  • Данок на наследство и подарок
     

ДАНОК НА ИМОТ

Предмет на оданочување
Данокот на имот е годишен данок кој се плаќа на недвижен имот, со исклучок на оној недвижен имот кој е таксативно наброен како ослободен од овој вид на данок.

Даночен обврзник
Правно или физичко лице, сопственик, или во одредени случаи корисник или плодоуживател на имотот.

Даночна основа
Основа за пресметување на данокот на имот претставува пазарната вредност на недвижниот имот која ја утврдува Комисија формирана од Советот на конкретната општина односно од Советот на градот Скопје, која работи согласно пропишана Методологија за утврдување на пазарнатата вредност на недвижниот имот.

Даночната стапка
Стапката е пропорционална и се движи од 0,10% до 0,20%. Надлежен за утврдување на висина на стапката е Советот на соодветната општина, односно Советот на градот Скопје.

 

ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Предмет на оданочување
Целокупниот недвижен имот како и правото на плодоуживање и користење на недвижниот имот, кој наследниците го добиваат во наследство врз основа на Законот за наследување, односно примателите на подарок го добиваат како дар врз основа на договор за подарок, е предмет на оданочување со данок на наследство и подарок.
Овој вид на данок се плаќа и доколку се наследат или се примат како подарок готови пари, други парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот, под услов да нивната пазарна вредност е повисока од износот на едногодишната просечна плата во РМ во претходната година.

Даночен обврзник
Обврзник на данок на наследство и подарок е секое физичко и правно лице – резидент на РМ кое наследува одреден имот или пак прима имот на подарок, како и странско физичко и правно лице – нерезидент, за оној недвижен и подвижен имот на територија на РМ кој го наследува или пак прима на подарок

Даночната основица
Основа за пресметување на данокот на наследство и подарок претставува пазарната вредност на наследениот, односно на подарок примениот имот, согласно пропишаната Методологија, која вредност се намалува за долговите и трошоците што го товарат имотот кој е предмет на оданочување.

Даночна стапка
Стапката е пропорционална и различна во зависност од наследниот ред. Доколку станува збор за обврзник од втор наследен ред таа се движи од 2% до 3%, а доколку обврзникот е трет наследен ред или пак не е во никакво сродство со оставителот, односно со подарокодавателот, се движи од 4% до 5%.
Наследниците од прв наследен ред се ослободени од данок. Советот на соодветната општина односно Советот на градот Скопје, со одлука ја утврдува висината на даночната стапка.

 

ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Предмет на оданочување
Данок на промет на недвижности се плаќа на секој пренос, со или без надоместок, на правото на сопственост, како и на друг начин на стекнување на недвижности помеѓу правни и физички лица.

Даночен обврзник
Вообичаено продавачот на недвижноста - правно или физичко лице, е даночниот обврзник за данокот на промет на недвижности. При тоа постојат исклучоци (уредени со закон) каде обврзник може да биде и купувачот доколку е тоа предвидено со купопродажниот договор. Исто така, при замена на недвижности, обврзник на данокот е оној учесник кој дава во замена повредна недвижност.

Даночна основа
Основа за пресметување на данокот е пазарната вредност на недвижноста во моментот на прометот. При замена на недвижности даночна основа е разликата на нивните пазарните вредности, а во случај на продажба на недвижност во стечајна и во извршна постапка, даночна основа по која се пресметува данокот на промет на недвижности е постигнатата цена по пат на јавно наддавање или цената утврдена со непосредна спогодба во случај на две последователни неуспешни постапки на јавно наддавање.

Даночна стапка
Стапката со која се пресметува данокот е прополционална и изнесува од 2% до 4%. Правото на одлучување за висината на стапката го има Советот на соодветната општина, односно Советот на градот Скопје.


За повеќе информации во врска со даноците на имот, обратете се во вашата општина, односно Град Скопје, кликни тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија