Memorandum_mk
Придонеси од задолжително социјално осигурување

Придонеси се јавни давачки кои обврзникот за пресметка и уплата ги плаќа од остварените бруто-надоместоци од работен однос на сметките на соодветните социјални фондови и кои претставуваат основа за остварување на тековни и идни права на осигурениците - права на здравствена заштита, на користење пензија или надоместок во време на невработеност.

Интегрирана наплата на персоналниот данок на доход и придонесите од задолжително социјално осигурување

Од 01.01.2009 година во Република Македонија се воведува принципот на бруто-пресметка на плата и системот на интегрирана наплата на персоналниот данок и придонесите од задолжително социјално осигурување.
Во едношалтерскиот систем за администрирање со бруто-платата, Управата за јавни приходи станува надлежен орган за наплата и контрола на сите давачки од плата, и тоа: персоналниот данок на доход, придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, придонесот за здравствено осигурување и придонесот за осигурување во случај на невработеност.
Овој систем овозможи секоја институција да ја врши својата суштинска функција – Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување да се грижат за реализирање на правата на осигурениците кои произлегуваат од платените придонеси од задолжително социјално осигурување, како што е обезбедувањето на пензии, здравствени услуги, надоместоци во случај на невработеност, а Управата за јавни приходи да работи на обезбедување на средствата потребни за социјалната сигурност на граѓаните.
Со овој систем кој е технички и технолошки искреиран да обезбедува сигурност и навременост на процесите и точна информација за сите - за вработените, за исплатителите, за фондовите и за банките, се осигурува поголем квалитет и пониски трошоци на работењето на сите инволвирани институции, а особено на работодавачите и другите исплатители на плати.

За повеќе информации во врска со придонесите од задолжително социјално осигурување, кликни тука.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија