Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Мислења Данок на додадена вредност (ДДВ)

Прашањата поставени од даночните обврзници и мислењата дадени од УЈП се прикажани во нивната изворна форма. Мислењата на УЈП се засноваат на одредбите од Законот за данокот на додадена вредност (ЗДДВ), но истите не претставуваат толкување на законот, од причина што надлежен орган за давање на овластено толкување на закони е Собранието на Република Северна Македонија. Доколку мислењата се од претходни години, потребно е да се има во предвид дека може да има измени во одредбите и треба да се провери дали истите наведени во мислењето се уште се во сила. Доколку има промени во одредбите на законските и подзаконските акти врз кои се базира одредено мислење, истото повеќе не е применливо во тој дел или во целост.

  1. Ме интересира, за лице вработено во редовен работен однос во земјава и е нејзин резидент и државјанин но кој остварува дополнителен приход од странска компанија со која нашата држава нема склучено договор за избегнување на двојно оданочување како што се (САД;Сингапур и Јапонија). За работа од далечина каде што данокот е платен во странство а ПДД е кај нас 10%, колку јас треба да платам данок тука ако годишниот приход надминува 2.000.000 денари годишно остварен од странската компанија. Сакам конкретен одговор.
    Имам договор со компанијата за вршење маркетинг услуги со кои дел од остварениот приход во странската компанија би го добил јас на моја сметка тука но со платен данок таму, што значи и услугите и оставрените средства се остваруваат во странство.
    Како математички се пресметува износот и колку јас ќе бидам одданочен тука?
    Дали има лимити или прогресии?


    Одговор од 14.02.2024:

    Почитувани,

    Во врска со Вашето прашање, Управата за јавни приходи, Ве известува за следното:
    Согласно член 2 став 1 од Законот за данокот на додадена вредност (“Сл.Весник на РМ” бр. 44/99…198/18 и “Сл.Весник на РСМ” бр: 98/19...275/19,.....163/21, 57/22 и 199/23 во натамошниот текст ЗДДВ), предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност.
    Промет на услуги претставува секоја дејност која не е промет на добра во смисла на член 3 од ЗДДВ (член 6 став 1 од ЗДДВ).
    Согласно член 14 став 1 од ЗДДВ кој се применува од 01.01.2024г за цели на одредување на местото на промет на услуги, освен лицата наведени во член 9 од ЗДДВ како даночни обврзници ќе се сметаат и лица коишто вршат дејности или извршуваат промет што не е дефиниран како оданочив промет на добра или услуги во смисла на член 2 од овој закон, односно на секој промет на услуги извршен кон нив.
    Согласно член 14 став 2 од ЗДДВ за место на прометот на услуга кон даночен обврзник, се смета местото, каде што тој даночен обврзник има вистинско седиште. Доколку прометот на услуги се врши кон подружница која даночниот обврзник ја има надвор од местото на вистинското седиште, тогаш како место на промет на услуги се смета местото каде што даночниот обврзник има подружница. Доколку такво место не постои, за место на прометот на услуги се смета постојаното живеалиште или престојувалиште на даночниот обврзник кој е корисник на услугата.
    Согласно член 51 став 1 од ЗДДВ, сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 2.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност.
    Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 од ЗДДВ, вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок. Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на вкупен промет за целата календарска година (член 51 став 2 од ЗДДВ).
    Според поглавје 110 став 1 од Упатството за примена на Законот за данокот на додадена вредност број 08-9289/1 од 19.06.2000 година, кон севкупниот промет се вбројува целокупниот промет на добра и услуги оданочив според ЗДДВ (вклучувајќи го данокот на додадена вредност), како и сите промети ослободени од данок според ЗДДВ со право на одбивка на претходниот данок. Прометот на добра и услуги кој не подлежи на оданочување и прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок (член 23 од ЗДДВ) не се зема предвид при утврдувањето на севкупниот промет.
    Согласно напред наведеното, при фактурирање на маркетинг услуга кон даночен обврзник(согласно член 14 став 1 од ЗДДВ и согласно член 2 од Правилникот за спроведување на ЗДДВ објавен во Службен весник на РСМ број 19/24) каде корисникот на наведената услуга нема седиште, ниту подружница, ниту постојаното живеалиште или престојувалиште на територијата на Р.С.Македонија местото на прометот на услугата се утврдува согласно член 14 став 2 од ЗДДВ.
    Прометот кој не подлежи на оданочување со ДДВ согласно член 2 од ЗДДВ не се зема предвид при утврдување на севкупниот промет за целите за ДДВ регистрација согласно член 51 од ЗДДВ.
  2. Ве молиме за Ваше мислење во врска со пренесен данок на додадена вредност по член 32а.
    Наш клиент е правно лице - даночен обврзник регистриран за ДДВ - којшто е подизведувач на проект за приватен ветерен парк во РСМ. Заедно со други подизведувачи, нашиот клиент пружа услуги на главниот изведувач (исто така регистриран даночен обврзник) кој пак има склучено договор со крајниот инвеститор на проектот.
    Во рамките на проектот, услугите коишто нашиот клиент ќе ги пружа се монтирање и инсталација на делови на ветерни турбини. Нашиот клиент ги монтира односно со помош на механизација (кранови) и со квалификувана работна сила, ги инсталира деловите од кои се составени ветерните турбини. Според правилникот, овој тип услуга спаѓа во Одлуката за услуги за кои се применува членот 32а со пренесување на даночната обврска, тоа е јасно, но она што не интересира е дали истиот пристап би се користел ако фирмата, во рамките на истиот проект, треба на својот клиент да му фактурира и превозни услуги или складишнина за одредени делови кои ги транспортира/складира а кои понатаму ќе се инсталираат во турбините?
    Согласно горенаведеното, Ве молиме за мислење дали услугите на превоз/транспорт и складирање на такви делови спаѓаат под Oдлуката односно дали за овие услуги даночен должник е обврзникот кон кого е извршен прометот или важат правилата од член 6 од ЗДДВ, ако се знае дека се за потребите на истиот проект.
    Ви благодараме однапред за брзиот одговор.


    »»» ОДГОВОР
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија