Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
15.05.2026
Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса.
|
|
|
14.05.2026
Управата за јавни приходи, во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на 12 мај во Клуб на пратеници во Скопје одржаа обука на тема „Етика и интегритет на вработените во Управата за јавни приходи“...
|
|
|
08.05.2026
Време е сите компании кои развиваат софтверски решенија и компаниите кои користат сопствени софтвери за фактурирање активно да се вклучат и да го тестираат поврзувањето преку апликациски интерфејс, процесите и контролите на е-фактурата...
|
|
|
06.05.2026
Директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, се обрати на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“, во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители - ИСОС, која се одржа на 6 мај 2026 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје...
|
|
|
05.05.2026
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека во законскиот рок 30 април 2026 година, заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави. Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП...
|
|