Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

30.12.2015
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА - НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“
За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2016 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 30.12.2015 година), преку веб страницата на УЈП... Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2016 година, ќе се применува месечно лично даночно ослободување во износ од 7.357денари, односно на годишно лично ослободување за 2016 година во износ од 88.284 денари...
 
30.12.2015
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИСПРАВКА НА МПИН ПРЕСМЕТКА ЗА АГЕНЦИИ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА
Изготвена е нова комбинација со вид на обврзник 110 и вид на обврска 553 за поднесување на корекција (исправка) на МПИН пресметка со вид на обврска 555. МПИН пресметката со вид на обврска 553 (исправка) се поднесува по претходно извршено плаќање на МПИН пресметка со вид на обврска 555...
 
17.12.2015
До 31 Декември - Истекува рокот за поднесување на барање за паушално оданочување со персонален данок
Доколку обавувате самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не сте во состојба да водите деловни книги или водењето на деловните книги ви го отежнува вршењето на дејноста, имате право да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2016 година да го плаќате според паушално утврден нето-приход. Барањето поднесете го до даночната канцеларија на УЈП, според живеалиштето на даночниот обврзник.Услов за паушално оданочување за самостојните вршители на дејност...
 
12.12.2015
Насоки и појаснувања за начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување
Во врска со начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување, Управата за јавни приходи ги дава следните насоки и појаснувања, а со цел правилна примена Законот за данокот на додадена вредност. Субјектот надлежен за постапката на присилна наплата и присилно извршување има обврска за прометот да изготви...Начини на постапување во постапка на присилна наплата и присилно извршување...
 
09.12.2015
Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите
Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.208 од 26.11.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2016 година. Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2016 година.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија