|
Врз основа на член 12 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ“, бр.43/14 ... 7/19 и „Службен весник на РСМ“, бр.87/23 и 3/25), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“, бр.62/05 ... 120/18 и („Службен весник на РСМ“, бр.110/19…124/25 ), член 22 став (1) алинеја 2, став (3), став (8), став (13) и став (14) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“, бр.27/14 ... 198/18 и („Службен весник на РСМ“, бр.143/19…210/24), Правилникот за внатрешна организација на Управата за јавни приходи, бр.01-596/2 од 09.02.2024 година и бр. 01-597/2 од 09.02.2024 година, бр.01-597/3 од 24.09.2024 година, бр.01-597/5 од 27.09.2024 година, бр.01-597/9 од 26.11.2024 година, бр.01-988/3 од 07.02.2025 година, бр.01-988/6 од 10.02.2025 година, бр.01-988/9 од 12.05.2025 година, бр.01-988/12 од 15.07.2025 година, бр.01-988/15 од 31.07.2025 година, бр.01-988/18 од 17.12.2025 година и бр.01-2451/1 од 18.03.2026 година, по претходно Известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр. 19-1382/2 од 05.03.2026 година и Одлуката за потреба од вработување на определено време во Управата за јавни приходи бр.04-2799/1 од 02.04.2026 година, Управата за јавни приходи објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 4/2026
за вработување на два (2) извршители на определено работно време
поради привремено зголемен обем на работа во фискалната 2026 година
1. Управата за јавни приходи објавува оглас за вработување на два (2) извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа во фискалната 2026 година на следното работно место
ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ
| 1.1 |
Еден (1) извршител на работно место: УПР0403А03001 - Возач, Одделение за општи и заеднички работи, Сектор за општи и заеднички работи, Директорат за поддршка на активностите на Управата за јавни приходи, ниво на квалификации средно образование (180/240 ЕЦВЕТ/МКСОО), без работно искуство во струката, возачка дозвола од категорија Б и основна плата во нето износ 26.046 денари.
|
| 1.2 |
Еден (1) извршител на работно место: УПР0405А01010 - Економ (организатор/одржувач), Одделение за општи и заеднички работи, Сектор за општи и заеднички работи, Директорат за поддршка на активностите на Управата за јавни приходи, ниво на квалификации средно образование (240 ЕЦВЕТ/МКСОО), најмалку една година работно искуство и основна плата во нето износ 26.046 денари. |
2. Општи услови за сите работни места:
Да е државјанин на Република Македонија, да ги исполнува бараните услови за пополнување на работните места предвидени со закон и актот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи.
3. Распоред на работно време:
Работни часови во неделата: 40 часа, Работно време: од понеделник до петок од 07:30/8:30 до 15:30/16:30
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2026 година.
4. Кандидатите потребно е да ги достават следните документи:
Доказ за државјанство;
Доказ уверение/диплома за завршен степен на образование; (со изразен степен на квалификации и просек на добиени оценки за сите години/сите свидетелства со изразен просек на добиени оценки за сите години)
Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. (само за работните места каде што се бара работно искуство)
Доказ возачка дозвола од категорија Б (само за работните места каде што се бара работно искуство)
Кандидатите се должни да поднесат Пријава со назнака за кое работно место се пријавува кандидатот, кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува пет (5) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 10.04.2026 година (Петок).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата (образец УЈП-ЧР-3.2-03/1) со потребната документација треба да се достави до архивата на Управа за јавни приходи или по пошта на следната адреса:
Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
ул. „Кузман Јосифовски Питу” бр. 1, 1000 Скопје
со назнака „ЗА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БР. 4/2026”
Контакт број 02/3 299-661
Сектор за човечки ресурси при Управа за јавни приходи
|