Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавна објава за уредно доставување на прекршочен платен налог за одговорно лице во правно лице
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 12.08.2026 

Година: 2026
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов:Јавна објава за уредно доставување на записници за сторен прекршок и прекршочни платни налози за правните лица и одговорните лица/физички лица
Датум на издавање: 12.08.2026 година
Институција: Управа за јавни приходи
Бр.18-4665/3 од 10.08.2026 година

Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ”, бр.96/19...13/26) и член 17 став 2 а и б од Законот за ратификација на Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања, изменета со Протоколот од 2010 година („Службен весник на РСМ”, бр.191/19), Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје објавува:

ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на прекршочен платен налог издаден од Даночната управа на Словенија, за македонски државјанин - одговорно лице во правно лице

Се повикува одговорното лице во правното лице во рок од осум дена да го подигне прекршочниот платен налог по електронски пат со испраќање на е-пошта: clo@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи, Генерална дирекција Скопје, бул. Кузман Јосифовски-Питу бр.1, Скопје.

Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на прекршочниот платен налог за следново одговорно лице во правно лице:

Ред.бр Назив / име на субјект Последна адреса на субјектот Број на платен налог / Одлука за прекршок Датум на платен налог / Одлука за прекршок
Адреса Град
 1 Звонко Каревски Бул.Илинден бр.79-9, Центар Скопје DT 71010-3961/2026-2 (10-620-18)  20.04.2026

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија