Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

21.08.2025
Во текот на минатата недела УЈП спроведе 243 контроли за фискализација – 37,4% од контролираните субјекти се со утврдени неправилности согласно ЗРГП
Во периодот од 11.08.2025 - 17.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало...
 
20.08.2025
УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули - повик за подмирување на долговите
По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски...
 
19.08.2025
Потпишан Меморандум за соработка за побрза и поефикасна размена на податоци помеѓу УЈП и ФЗО
Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), потпишаа Меморандум за соработка (анекс на Протоколот за електронска размена на податоци) со кој се уредува институционалната координација и размена на податоци, со цел за заедничко следење на состојбите и унапредување на наплатата на придонесите за здравствено осигурување...
 
15.08.2025
Во тек на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација - 27% од контролираните субјекти со утврдени неправилности согласно ЗРГП
Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи.
 
12.08.2025
Управата за јавни приходи со засилени активности за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор
Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започна со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија