Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
27.12.2024
Како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно Извештај за тековна состојба (образец ПДД-И/ЗП) преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до крајот на година која претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот...
|
|
27.12.2024
Даночниот обврзник регистриран како самостоен вршител на дејност (СВД) или занаетчија кој поради определени околности не е во состојба да води деловни книги, или на кого нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање данокот за доходот остварен од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето-доход (паушално оданочување), согласно на член 29 од Законот за данокот на личен доход...
|
|
25.12.2024
Управата за јавни приходи (УЈП), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини склучија Меморандум за меѓусебна соработка, со цел унапредување на координацијата и транспарентноста во областа на енергетиката и рударството...
|
|
24.12.2024
Денес, Управата за јавни приходи организираше настан за прием на нови 25 големи даночни обврзници, кои не припаѓале во групата на големи даночни обврзници и биле администрирани во другите Регионалните дирекции на УЈП...
|
|
23.12.2024
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ - 04 пријави, дека рокот за поднесување на истите истекува во среда на 25 декември 2024 година. До денес, од вкупно 7.397 очекувани ДДВ 04 пријави, поднесени се само 1.831 пријава, што претставува само 24,75% од вкупниот број.
|
|