Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник

УЈП како надлежен орган за регистрација, промена на податоци и бришење од регистрација на даночен обврзник согласно закон, издава Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник за следните видови на статуси:

  • Регистриран даночен обврзник (доделен Даночен идентификационен број);
  • Нерегистриран даночен обврзник (не поседува Даночен идентификационен број);
  • Регистриран ДДВ обврзник;
  • Нерегистриран ДДВ обврзник; или
  • Друг вид на статус на регистрација на даночен обврзник.

Потврдата за статус на регистрација на даночен обврзник се издава со цел да послужи како доказ за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на странката (даночен обврзник) од страна на друг надлежен јавен орган, и тоа:

  • Враќање на ДДВ на даночен резидент на РСМ во странска држава;
  • Постапка за присилно извршување согласно член 43-а од Закон за данокот на додадена вредност;
  • За пред надлежен даночен орган во странска држава;
  • За пред надлежен орган во РСМ; или
  • Друго.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА ЗА СТАТУС НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

Потврдата за статус на регистрација на даночен обврзник се издава по претходно поднесено Барање (образец Б/ПС-РДО).

Напомена: Барање (образец Б/ПС-РДО) може да се поднесе за тековен статус на регистрација на даночен обврзник или за статус на регистрација на обврзникот во конкретен период (кој ќе се наведе во барањето).

Барањето (образец Б/ПС-РДО) се поднесува во писмена форма во два идентично пополнети примероци во надлежната организациона единица на УЈП (ДГДО/РД/ДО/ДШ).
Барањето (образец Б/ПС-РДО) може да го поднесе лично странката, законскиот застапник или полномошник на странката или службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката согласно закон.

  • Доколку Барањето (образец Б/ПС-РДО) се поднесува преку законски застапник или полномошник на странката, во прилог на барањето задолжително се доставува копија од доказ за законски застапник или овластување (полномошно) во име и за сметка на странката (лице-барател) да се преземаат дејствија во даночната постапка.
  • Доколку Барањето (образец Б/ПС-РДО) се поднесува од службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката, доказот за согласност од лицето за употреба на личните податоци во постапката на прибавување на податоци за статусот на регистрација на даночен обврзник по службена должност го обезбедува јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката во согласност со Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност.

Во Барањето (образец Б/ПС-РДО) задолжително се пополнуваат бараните податоци за лицето (барател) за кого се поднесува барањето, податоци за состојба за која се бара издавање на потврда (тековен статус или статус за период), податоци за вид на статус на регистрација за кој се бара издавање на потврда (се избира еден од наведените видови), податоци за основ (се избира еден од наведените основи) за кои се бара издавање на потврда, податоци за извршена уплата или ослободување од административни такси согласно Законот за административни такси (ЗАТ) и податоци за потписникот на барањето.

Административни такси

За издавање на потврда од УЈП по поднесно Барање (образец Б/ПС-РДО) се наплаќаат административни такси во износ од вкупно 50 денари (за барањето), согласно член 37 и Тарифен број 1 од Законот за административни такси, освен во случаите кога е предвидено ослободување од плаќање на административни такси согласно закон.
Доколку Барањето (образец Б/ПС-РДО) се поднесува по основ на „Друго“, потребно е да се изврши увид во член 15 и 18 од Законот за административните такси дали поднесувањето на барањето е ослободено од административни такси. Доколку не е, потребно е да се изврши плаќање на административни такси во вкупен износ од 50 денари (за барањето).

Плаќањето на административни такси може да се врши преку:

  • Налог ПП 50 (задолжително во прилог на барањето се доставува копија од налогот); или
  • Мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos”. По праќањето на пораката, праќачот повратно добива Трансакциски код, кој се состои од 10 бројки (задолжително во барањето се внесува трансакцискиот код во соодветното поле).

Напомена: Доколку Барањето (образец Б/ПС-РДО) е поднесено по службена должност од службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката, надлежниот јавен орган има обврска да ги наплати административните такси од странката во име и за сметка на УЈП (доколку не е предвидено ослободување од плаќање на административни такси согласно Законот за административните такси).

Прилози

Во прилог на Барањето (образец Б/ПС-РДО) задолжително се поднесува доказ за основ за кои се издава потврдата, како и копија од документ/и (објаснето погоре) со кои ќе може да се потврдат податоците во барањето. Доколку во прилог на барањето се доставува документ кој не е наведен, во полето „Друго“ се впишуваат податоци за документот (назив, број, датум и надлежниот орган кој го издал).

Отстранување на формални недостатоци на барањето

Доколку во Барањето (образец Б/ПС-РДО) не се наведени податоците за идентификација на лицето – барател (за кое се поднесува барењето), не е означен ниту еден вид на статус на регистрација, ниту основ за поднесување на барањето, или се означени повеќе, доколку нема доказ за извршена уплата на административни такси или нема наведено трансакциски код за плаќање со СМС порака или други докази (во случаите кога тоа е потребно), или доколку барањето не е потпишано, се смета дека барањето има формални недостатоци.
УЈП доставува Известување за формални недостатоци на поднесок, со кое ќе се побара во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставување на известувањето, подносителот да ги отстрани формалните недостатоци.

Отстранувањето на формални недостатоци, подносителот го врши со поднесување на „Исправка“ на Барање (образец Б/ПС-РДО). При поднесување на новото барање се означува полето „Исправка“ и се пополнува „Број“ на прием на барањето за кое се врши исправка. Исправката не се врши преку искажување на разликите во податоците, туку преку искажување на целосни и точни податоци.
Напомена: За „Исправка“ на Барањето (образец Б/ПС-РДО) не треба да се врши уплата на административни такси.

ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА ЗА СТАТУС НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

УЈП издава Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на поднесувањето на писменото Барање (образец Б/ПС-РДО) од страна на подносителот.
Рокот за издавање на Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник по службено Барање (образец Б/ПС-РДО) поднесено од јавен орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката е 7 (седум) дена од денот на приемот на службеното барање поднесено во писмена форма.
Напомена: Потврдата за статус на регистрација на даночен обврзник не ги исклучува податоците кои може да се појават во иднина, а кои може да влијаат на статусот на регистрација.

Доколку даночниот обврзник (лице-барател) врз основа на доказите со кои располага смета дека Потврдата не содржи податоци за фактичката состојба на статусот на регистрација, може да бара од УЈП измена на потврдата или да му се издаде нова потврда. Во ваков случај, УЈП е должна да изврши измена на потврдата или да издаде нова потврда. Напомена: Ова не се однесува за даночниот обврзник (лице – барател) кој не извршил навремено ажурирање на своите регистрациони податоци. Ако даночниот обврзник (лице – барател) има потреба од издавање на Потврда со ажурирани регистрациони податоци (кои не се упишани), претходно ќе треба да изврши промена на податоци во УЈП, и потоа да поднесе ново Барањето (образец Б/ПС-РДО).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија