Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

04.11.2015
Земјоделци - Поднесете барање за паушално оданочување за 2015 година
Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги. Како да се регистрирате за паушално оданочување? Даночни поволности за регистрирани вршители на земјоделска дејност во УЈП...
 
02.11.2015
Проверете дали имате долгови - УЈП ЌЕ ОТПОЧНЕ СО ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА
Се повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за РДТ истите да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, активност која УЈП ќе ја отпочне од 15 ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка. Како наједноставно да платите Радиодифузна такса? Како да проверите дали имате долгови за РДТ?...
 
21.10.2015
ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ ОД СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ, РОКОТ ИСТЕКУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината. Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати (образец “БОК-ПЗСО/1“) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември 2015 година...
 
20.10.2015
Нов образец ПДД-АДП/КД - Аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки
Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.116 од 09.07.2015 година) се донесе Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на аконтативната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за капитални добивки и новиот образец “ПДД-АДП/КД“ - Аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки, објавени во „Службен весник на РМ”, бр.179 од 16.10.2015 година, a со примена од 17.10.2015 година. Новиот образец “ПДД-АДП/КД“ може да се преземе од веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/28).
 
17.08.2015
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.116 од 09.07.2015 година и бр.129 од 31.07.2015 година) пропишани се следните измени и дополнувања...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија