Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

09.12.2015
Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите
Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.208 од 26.11.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2016 година. Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2016 година.
 
24.11.2015
ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД
Ги информираме даночните обврзници дека со Законот за изменување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.199 од 13.11.2015 година) продолжува ослободувањето од плаќање на персонален данок на доход за капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, односно капитална добивка остваренa со продажба на хартии од вредност не се оданочува до 31.12.2018 година.
 
17.11.2015
НАСОКИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА КОНЕЧНИ ПОЕДИНЕЧНИ МПИН И ЗБИРНА МПИН ЗА АГЕНЦИИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА
Со член 3 од Законот за дополнување на законот за агенциите за привремени вработувања ("Сл. Весник на РМ", бр.98 од 15.06.2015 година) извршено е дополнување на членот 11-а од овој закон, со кое предвидено е Агенцијата за привремени вработувања да подготвува и доставува посебна пресметка за плата и придонеси од плата и за вработените во Агенцијата за привремени вработувања поединечно. Поднесувањето и исплатата на платата започнувајќи од МПИН пресметките за месец 11/2015 година се врши на следниот начин...
 
16.11.2015
Физички напад врз даночен службеник во Тетово
Тетово - Денес/16 ноември 2015 година, вработен во Регионалната дирекција во Тетово е физички нападнат од даночен обврзник. Имено, странката заради добиена опомена за неплатен долг за придонес за здравствено осигурување од вршење на земјоделска дејност, влегол во канцеларијата каде даночниот службеник ги вршел своите работни обврски, а откако упатил вулгарни и заканувачки пораки, обврзникот и физички го нападнал вработениот...
 
06.11.2015
НОВА МЕРКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ЛИЦА ВРАБОТЕНИ КАКО ЗАМЕНА НА РАБОТНИК КОЈ КОРИСТИ ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО
Со член 98-з од Законот за дополнување на законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен. весник на РМ“, бр.154/15), предвидена е дополнителна мерка за ослободување од плаќање на придонеси, за работодавачи од приватниот сектор, кои по претходно поднесено барање до Агенцијата за вработување, се ослободуваат од плаќање на социјални придонеси за лице кое ќе го вработат како замена за работник кој користи породилно отсуство од работа, за периодот додека трае породилното отсуство....
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија