Утре / 15-ти Март е последен ден за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход (образец ПДД-ГДП) и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.
Според последните податоци, поднесени се вкупно 334,360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.
Потсетуваме дека пријавите освен на даночните шалтери, можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk за регистрираните корисници на електронските даночни услуги.
Со цел избегнување на метежите особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром (за повеќе информации види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/629) и Мобилниот даночен шалтер во Драчево кои ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10.00 до 14.00 часот (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/363).
Законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи која се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.
Корисни информации
Скопје |
124,100 |
1065 |
125,165 |
Битола |
46,283 |
117 |
46,400 |
Тетово |
28,518 |
103 |
28,621 |
Струмица |
29,867 |
115 |
29,982 |
Прилеп |
45,501 |
151 |
45,652 |
Штип |
58,366 |
174 |
58,540 |
ВКУПНО |
332,635 |
1,725 |
334,360 |
Извор: Управа за јавни приходи