Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30    
Recnik
Преглед на отворен повик

Листа на должници бр.07/2022 за долгови доспеани до 31.03.2022 и неплатени до 30.06.2022 година
Тип на отворен повик: Листа на должници Датум на објава: 08.07.2022 

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2022 за долгови доспеани до 31.03.2022и неплатени до 30.06.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.7/2022 објавени се 1.638 должници - правни лица (повеќе за 4 од претходната листа) и 3.182 физички лица (повеќе за 8 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2022 изнесува 8.296.172.727 денари, помалку за 41.276.403 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.240.773.443 денари (повеќе за 127.121.862 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 55.399.284 денари (помалку за 168.398.265 денари од претходната листа)

Document   08-3887/1_Листа на должници бр.07/2022_08.07.2022  (1 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија