Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на отворен повик

Листа на должници бр.01/2024 за долгови доспеани до 30.09.2023 година и неплатени до 31.12.2023 година
Тип на отворен повик: Листа на должници Датум на објава: 10.01.2024 

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2024 за долгови доспеани до 30.09.2023 и неплатени до 31.12.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.01/2024 објавени се 1857 должници - правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 3713 физички лица (повеќе за 71 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2024 изнесува 10.103.931.838 денари, (повеќе за 1.049.570.227 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.920.376.478денари, (повеќе за 1.073.484.152 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа)

Document   Исправка бр.2_08-210/3_Листа на должници бр.01/2024_18.01.2024  (1 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија