Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29      
Recnik
Службено барање од јавен орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката

Согласно Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон, други државни органи, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, кога во управните работи, непосредно применувајќи ги прописите решаваат за правата, обврските или правните интереси на физички и правни лица или на други странки, можат по службена должност да поднесат барање за издавање на следните уверенија и потврди кои ги издава УЈП согласно даночните евиденции што ги води согласно закон:

1) Уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки

Уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки се издава по претходно поднесено службено Барање (образец Б/УПД).
Ова уверение се издава за платени, односно неплатени даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки (за тековна состојба или за состојба во бараниот период), со цел да послужи како доказ за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на странката (физичко лице, лице кое остварува доход од самостојна дејност или за правно лице) пред надлежниот јавен орган.

Уверението се издава за состојба на сите даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки кои ги управува или доколку истите со закон се доверени да ги управува УЈП.

2) Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија (регулирање на стаж на земјоделец или самостоен вршител дејност пред ФПИОСМ)

Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија се издава по претходно поднесено службено Барање (образец Б/УПД) од страна на ФПИОСМ по основ на остварување на право на „Пензија (регулирање на стаж на земјоделец или самостоен вршител дејност пред ФПИОСМ).

Ова уверение се издава за состојба на платени, односно неплатени придонеси за пензиско и инавалидско осигурување во бараниот период наведен во службеното Барање (образец Б/УПД), со цел да послужи како доказ за регулирање на стаж врз основа на кој се решава за правото за остварување на пензија пред ФПИОСМ, само за:

  1. Земјоделец во период/и од 1978 до 2001 година;
  2. Самостоен вршител на дејност оданочуван со годишен паушален износ во период/и 1984 до 2001 година; или
  3. Самостоен вршител на дејност оданочуван по вистински доход во период/и 1983 до 1997 година.

Напомена: УЈП не издава Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија, за период/и од 1978 до 2001 година, за: 1) лице со правна форма – ДООЕЛ; 2) лице кое ги исполнува условите за остварување на право на пензија и располагаат со пополнет М-4 образец; 3) лице вработено кај самостоен вршител на дејност; 4) лице за кое претходно е издадено уверение.

3) Уверение за состојба на остварен доход

Уверение за состојба на остварен доход се издава по претходно поднесено службено Барање (образец Б/УОД).
Ова уверение се издава за даночен обврзник на данокот на личен доход за остварениот доход, за период до една календарска година и тоа според видови на остварен доход согласно Законот за данокот за личен доход (за периоди почнувајќи од 01.01.2019 година), односно согласно Законот за персоналниот данок на доход (за периоди заклучно со 31.12.2018 година), со цел да послужи како доказ за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на странката (физичко лице или лице кое остварува доход од самостојна дејност) пред надлежниот јавен орган.

Напомена: За состојба на остварен доход за период подолг од една календарска година или за повеќе календарски години, се поднесува посебно службено Барање (образец Б/УОД) за секоја календарска година.

4) Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник

Потврдата за статус на регистрација на даночен обврзник се издава по претходно поднесено службено Барање (образец Б/ПС-РДО).
Оваа Потврда се издава за следните видови на статус на регистрација на даночен обврзник:

  • Регистриран даночен обврзник (доделен Даночен идентификационен број);
  • Нерегистриран даночен обврзник (не поседува Даночен идентификационен број);
  • Регистриран ДДВ обврзник;
  • Нерегистриран ДДВ обврзник; или
  • Друг вид на статус на регистрација на даночен обврзник.

Потврдата за статус на регистрација на даночен обврзник се издава со цел да послужи како доказ за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на странката (даночен обврзник) од страна на друг надлежен јавен орган, и тоа:

  • Постапка за присилно извршување согласно член 43-а од Закон за данокот на додадена вредност;
  • За пред надлежен орган во Република Северна Македонија; или
  • Друго.

Барањето за издавање на потврда за статус на регистрација на даночен обврзник (образец Б/ПС-РДО) по службена должност може да се поднесе за тековен статус на регистрација на даночен обврзник или за статус на регистрација на обврзникот во конкретен период (кој ќе се наведе во барањето).

Согласност од лицето за употреба на личните податоци во постапката на прибавување на податоци од УЈП по службена должност

Во случаите кога барањето (образец Б/УПД, Б/УОД или Б/ПС-РДО) се поднесува од службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката, доказот за согласност од лицето за употреба на личните податоци во постапката на прибавување на податоци од УЈП по службена должност го обезбедува јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката во согласност со Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност.

Административна такса

Доколку барањето е поднесено по службена должност од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката, надлежниот јавен орган има обврска да ги наплати административните такси од странката во име и за сметка на УЈП (доколку не е предвидено ослободување од плаќање на административни такси согласно Законот за административните такси), и тоа за:

  • Уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки – во висина од вкупно 100 денари (50 денари за барањето и 50 денари за издавање на уверението), согласно член 37 и Тарифен број 1 и 60 од Законот за административните такси, освен ако странката не е ослободена од плаќање на административни такси согласно законот.
  • Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија - не се наплаќаат административни такси согласно член 18 став 1 точка 12 од ЗАТ.
  • Уверение за состојба на остварен доход – во висина од вкупно 100 денари (50 денари за барањето и 50 денари за издавање на уверението) само ако се издава по “друг основ“ кој не е децидно наведен во службеното Барање (образец Б/УОД) и доколку странката не е ослободена од административни такси согласно член 15 и 18 од Законот за административни такси.
  • Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник - во висина од вкупно 50 денари (за барањето) согласно член 37 и Тарифен број 1 од Законот за административни такси, освен во случаите кога е предвидено ослободување од плаќање на административни такси согласно закон.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија