Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Пријавување и плаќање на данокот на добивка

Пријавување на данок на добивка по истекот на годината

Утврдувањето на данокот на добивка се врши на Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“), кој се доставува до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на Годишната сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство, односно до 28/29 февруари во годината што следи по годината за која се врши оданочувањето. За даночните обврзници кои Годишната сметка до Централен регистар на РМ ја доставиле електронски, рокот за доставување е до 15 март.

Плаќање на данок на добивка по истекот на годината

Утврдената разлика меѓу уплатената аконтација на данокот на добивка пресметана според износот на данокот во “ДБ“ за претходната година и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка утврдена во “ДБ“ за деловната година, даночниот обврзник е должен да ја уплати во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишната сметка.

Плаќањето на данокот на добивка го спроведува овластеното лице кај даночниот обврзник. Плаќањето на данокот по поднесената даночна пријава за самооданочување (образец “ДБ“), во редовна постапка се врши од паричните средства, вклучувајќи ги сите расположиви жиро сметки на даночниот обврзник.

Плаќање на месечни аконтации на данок на добивка

Месечните аконтации на данокот на добивка се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во Даночниот биланс за оданочување на добивката за претходната година, зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.

Месечните аконтации се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец.

Даночни обврзници/правните лица немаат обврска да доставуваат Месечни пресметки на аконтациите на данокот на добивка (образец “МДБ“) до Управата за јавни приходи.

Пријавување и плаќање на данок на добивка на исплатени дивиденди и други распределби од добивката

Данокот по основ на исплата на дивиденди и други распределби од добивката, обврзникот го утврдува на образец “ДД-ИД“ - Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката.

Пријавувањето и плаќањето на данокот на исплатените дивиденди и други распределби од добивката се врши најдоцна до денот на исплатата.

Напомена: Данок на исплатена дивиденда и други распределби од добивката се пресметува и плаќа само за извршените исплати за дивиденди и други исплати од добивката, од акумулираните добивки од 2009 до 2013 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија