Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29        
Recnik
Стратешки цели

Стратешките цели на УЈП се одраз на процесот на модернизација и нашите заложби за подобрување на услугите кон даночните обврзници, зајакнување на административните капацитети на даночната администрација и приближување кон практиките и стандардите на Европската Унија.

УЈП се обврзува дека ќе ги почитува правата на даночните обврзници во согласност со Повелбата за правата на даночниот обврзник и ќе обезбеди:

  • Тајност и доверливост
  • Професионална и коректна услуга
  • Плаќање на точен износ на данок
  • Подеднаков третман на сите даночни обврзници
  • Ефикасно работење
  • Избор за контрола според утврдени критериуми
  • Право на жалба и судска ревизијa

За периодот 2012-2014 година, Управата за јавни приходи планира 5 основни развојни стратешки цели. Дел од нив претставуваат континуиран развој и надоградба на веќе воведените мерки кои во идниот период се продолжуваат со нови активности, а дел од стратешките цели се прошируваат со нови мерки кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот и да ја оспособат УЈП за темелно извршување на основните функции со нов квалитет кој се појавува како неопходност.

  • Административни капацитети
  • Секогаш чекор понапред
  • Услужна ориентираност
  • Организација на учење и знаење
  • Место во меѓународната заедница
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија