|
Врз основа на член 12 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ“, бр.43/14 ... 7/19 и „Службен весник на РСМ“, бр.87/23 и 3/25), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“, бр.62/05 ... 120/18 и („Службен весник на РСМ“, бр.110/19…124/25 ), член 22 став (1) алинеја 2, став (3), став (8), став (13) и став (14) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“, бр.27/14 ... 198/18 и („Службен весник на РСМ“, бр.143/19…210/24), Правилникот за внатрешна организација на Управата за јавни приходи, бр.01-596/2 од 09.02.2024 година и бр. 01-597/2 од 09.02.2024 година, бр.01-597/3 од 24.09.2024 година, бр.01-597/5 од 27.09.2024 година, бр.01-597/9 од 26.11.2024 година, бр.01-988/3 од 07.02.2025 година, бр.01-988/6 од 10.02.2025 година, бр.01-988/9 од 12.05.2025 година, бр.01-988/12 од 15.07.2025 година, бр.01-988/15 од 31.07.2025 година, бр.01-988/18 од 17.12.2025 година и бр.01-2451/1 од 18.03.2026 година, по претходно Известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.19-1382/2 од 05.03.2026 година и Одлуката за потреба од вработување на определено време во Управата за јавни приходи бр.04-2452/1 од 18.03.2026 година, Управата за јавни приходи објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/2026
за вработување на шест (6) извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа во фискалната 2026 година
1. Управата за јавни приходи објавува оглас за вработување на шест (6) извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа во фискалната 2026 година на следните работни места:
ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ
| 1.1 |
Два (2) извршители на работно место: ДАН0101Г03004 - Даночен оператор во повикувачки центар, Директорат за информатичка технологија и централизирани оперативни функции, Контакт Центар, Служба - Повикувачки центар, ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку више или средно образование (Више или средно образование – гимназиско и/или средно стручно образование), најмалку една година работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место и основна плата во нето износ 27.250 денари;
|
| 1.2 |
Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г03005 - Даночен агент за прием, контрола и обработка на предмети, Директорат за информатичка технологија и централизирани оперативни функции, Центар за наплата на глоби и други јавни приходи, Служба за прием, контрола и обработка на предмети, ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку више или средно образование (Више или средно образование – гимназиско и/или средно стручно образование), најмалку една година работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место и основна плата во нето износ 27.250 денари;
|
| 1.3 |
Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101В04011 - Помлад даночен извршител за централизирани активности за наплата на долгови, Директорат за управување со даночни функции и развој на даночни програми, Сектор за наплата и управување со долгови, Оддел за планирање и мониторинг и централизирани активности за наплата на долгови, ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Општествени науки), со или без работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место и основна плата во нето износ 35.814 денари;
|
|
1.4
|
Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101В03008 - Советник за ИТ безбедност, Директорат за информатичка технологија и централизирани оперативни функции, Сектор за информациско-комуникациска инфраструктура и безбедност, Оддел за ИТ безбедност, ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Инженерство и технологија - Електрично инженерство, електронско инженерство, информатичко инженерство), најмалку една години работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место и основна плата во нето износ 39.476 денари;
|
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА
| 1.5 |
Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г03003 - Даночен референт за даночно сметководство, Даночно одделение Струга, Служба за регистрација, утврдување и даночно сметководство, ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку више или средно образование (Више или средно образование – гимназиско и/или средно стручно образование), најмалку една година работно искуство во струката, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место и основна плата во нето износ 27.250 денари;
|
2. Општи услови за сите работни места
Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
3. Распоред на работно време
Работни часови во неделата: 40 часа, Работно време: од понеделник до петок од 07:30/8:30 до 15:30/16:30
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2026 година..
4. Кандидатите потребно е да ги достават следните документи
Доказ за државјанство;
Доказ дека има општа здравствена способност за работното место;
Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
Доказ уверение/диплома за завршен степен на образование; (со изразен степен на квалификации и просек на добиени оценки за сите години/сите свидетелства со изразен просек на добиени оценки за сите години);
Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. -само за работните места каде што се бара работно искуство).
Кандидатите се должни да поднесат Пријава со назнака за кое работно место се пријавува кандидатот, кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 25.03.2026 година (среда).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата (образец УЈП-ЧР-3.2-03/1) со потребната документација треба да се достави до архивата на Управа за јавни приходи или по пошта на следната адреса:
Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
ул. „Кузман Јосифовски Питу” бр. 1, 1000 Скопје
со назнака „ЗА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БР. 2/2026”
Контакт број 02/3 299-661
Сектор за човечки ресурси при Управа за јавни приходи
|