Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
06.04.2010
Без чекање на шалтери и заштеда на вашето време, поднесување на даночна пријава 24 часа/7 дена, намалување на човечки грешки при пополнувањето... се неколку причини зошто треба да се регистрирате и да го користите системот http://etax.ujp.gov.mk/ за електронско поднесување на даночни пријави. Ги повикуваме даночните обврзници да ги посетат обуките на УЈП, на кои практично ќе бидат презентирани функционалностите на е-Даноци и начинот на поднесување на пријави преку интернет.
|
|
|
29.03.2010
Работодавачите кои во 2010 година ќе ангажираат невработено лице на неопределено време, кое е евидентирано во Агенцијата за вработување најмалку една година, ќе бидат ослободени од пресметување и плаќање на 10% персонален данок на доход по основ на плата за ова лице во следните 3 години. Користењето на даночните бенефити се од посебно значење за стопанствениците, за планирање и водење на бизнисот, и управување и развој на човечкиот потенцијал, во услови кога Македонија се соочува со ефектите на економската криза.
|
|
|
19.03.2010
Приходите кои ги остваруваат граѓаните по основ на закупнина (издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, викендици, опрема, превозни средства ...) подлежат на оданочување со персонален данок на доход и истите треба да се пријават во УЈП во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите, со поднесување на Аконтативна даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ”).
|
|
|
17.03.2010
Ги информираме сите засегнати страни дека публикациите, материјалите, сооштенија, обрасци и други информации кои се објавени од страна на УЈП, и достапни преку веб страницата www.ujp.gov.mk се наменети исклучиво за некомерцијални цели на даночната администрација. При користење на податоци и информации објавени од УЈП, задолжително треба да се цитира изворот. Копирање, умножување и употреба на материјалот за комерцијални цели не е дозволено.
|
|
|
09.03.2010
Даночните обврзници кои се регистрирани за целите на ДДВ и на кои со решение за даночен период им е одредена календарска година, може да поднесат Барање за промена на даночниот период. Промената на периодот ќе биде извршена доколку обврзникот документирано докаже дека во тековната календарска година ќе има влезни исполнувања од инвестиции, во износ од најмалку 100.000.000 денари на годишно ниво без ДДВ.
|
|