Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29        
Recnik
Приходи од самостојна дејност

Дефиниција

  • Приходи од самостојна дејност - се приходите остварени од стопанска дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги, приходите од земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.
  • Приходи од стопанска дејност - се приходите од производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност.
  • Приходи од професионални и други интелектуални услуги - приходите од здравствена, ветеринана, адвокатска, нотарска, консултантска, ревизорска, инженерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност.
  • Под приходи од земјоделска дејност се подразбираат приходите од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, како и одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи.

Даночен обврзник

  • трговец поединец
  • физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност и кои водат деловни книги
  • физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност и кои водат деловни книги
  • физички лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење на дејност (адвокати, нотари, лекари, ветеринари, инженери, архитекти, сметководители, ревизори, новинари и сл.) кои не се сметаат за трговци

Даночна основа

Основа за пресметување на персоналнен данок за приходите од самостојна дејност претставува нето приходот (разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник) утврдени во даночниот биланс. 

 

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година - стапката изнесува 10%

Утврдување аконтација на данок обврски за самостојни вршители на дејност (СВД)

Аконтацијата на данокот на доход за приходите од самостојна дејност ја утврдува со решение Управата за јавни приходи и тоа:

  • врз основа на податоците од даночната пријава "ПДД-АДП/СД" (кога обврзникот за прв пат почнува да врши самостојна дејност)
  • врз основа на податоците од даночниот биланс
  • деловните книги и
  • други податоци

 Обврски за самостојни вршители на дејност (СВД)

  • Аконтативни - до Управата за јавни приходи треба да достави "образец ПДД-АДП/СД", во рок од 15 дена од денот на започнување на вршење на дејноста, на чија територија физичко лице е регистриран за вршење на дејноста.
  • Годишни - до Управата за јавни приходи и Централниот регистар да достави Биланс на приходи и расходи (образец "Б"), како и Годишен даночен биланс (образец "ПДД-ДБ"), најдоцна до 15 март наредната година.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија