Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


С
Самовработено лице

Физичко лице кое врши самостојна економска дејност или професионална и друга интелектуална услуга од која остварува приход, во согласност со закон.

 
Самооданочување

Утврдување на данокот од страна на даночниот обврзник во согласност со даночните закони. Самоооданочувањето е привремено. Привремено може да биде и утврдувањето на данок од страна на УЈП со донесување на даночно решение кога даночното утврдување уследило по податоци од даночниот обврзник и УЈП сеуште не го испитала даночното решение во целост и кога не е сигурно дали постојат предуслови за настанување на данокот. Привременото даночно решение мора да биде означено како такво.

(види и правосилност на самооданочувањето)
 
Сведок во управна постапка

Секое физичко лице кое е способно да запази одредени факти одредени факти за кои треба да сведочи и кое е во состојба тоа свое запазување да го соопшти.

 
Седиште на трговско друштвото

Местото, со адресата (улица и број), наведена во договорот за друштвото, во статутот, односно во изјавата за основање друштво со ограничена одговорност од едно лице и запишани во Трговскиот регистар.

 
Семејство (согласно Закон за спречување на корупција)

Ги подразбира брачниот другар, децата, родителите, браќата и сестрите, посвоителот или посвоеникот со кој лицето живее во семејна заедница.

 
Сопственик на недвижен имот

Лице кое има право својата недвижност целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја.

 
Сосопственост на недвижен имот

Право на сопственост на повеќе лица на неподелен недвижен имот на кој делот на секој од нив е определен сразмерно според целината (идеален, сосопственички дел).

 
Социјални придонеси

Вложени средства за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и вработување со цел остварување на одредени права во зависност начинот, должноста и обемот на вложувањето.

(види и придонеси од задолжително социјално осигурување)
 
Спонзорство

Доброволна финансиска исплата, давање добра или услуги за конкретен проект и/или активност, кои овозможуваат директна корист на давателот, како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството. 

(види и примател на спонзорство)
 
Споредни даночни давачки

Парични казни, даночни казни, камати и трошоци на присилна наплата на данок.

 
Спортска прогноза (тото)

Игра на среќа во која учесникот го погодува резултатот на спортските натпревари за секој пар посебно, согласно со правилата на играта. За одиграната прогноза, учесникот на играта добива потврда за уплата. Добивка се постигнува само кога учесникот ги погодил сите или со правилата на играта утврдениот број резултати од натпреварите, а под услов постигнатите резултати да се идентични со прогнозираните резултати на потврдата за уплата.

 
Ставање на стока на увид на царинскиот орган

Пропишано известување до царинскиот орган, за пристигнување на стоката кај царинскиот орган или кое било друго место кое царинскиот орган го одредил или одобрил.

 
Стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење

Стажот на осигурување на осигурениците кои работат на особено тешки и по здравјето штетни работни места, како и на осигурениците кои работат на работни места на кои по наполнувањето определени години на живот не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност.

 
Стапки на придонесите

Проценти кои се применуваат врз основицата за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.

 
Статут на трговско друштво

Акт со кој се основа акционерско друштво, но едновремено е и основен општ акт, со кој се уредуваат односите, организацијата и функционирањето на ова друштво. Се донесува со согласност на сите основачи, а се менува со мнозинство определено со закон, односно со статутот на друштвото. Статусни промени претставуваат присоединување, спојување и поделба на трговските друштва на начин и услови определени со Законот за трговски друштва.

 
Ствари во државна сопственост

Недвижни ствари (земјиште, згради, посебни делови од згради и други објекти изградени на земјиштето) и движни ствари (опрема и сл.), односно долгорочни средства кои ги користат органите за извршување на работите и задачите во земјата и во странство.

 
Стечаен доверител

Физичко или правно лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало пред отпочнување на стечајната постапка. Стечајниот управник во посебна табела (шема) ги регистрира сите пријавени побарувања, со наведување на елементите содржани во пријавата за побарувањето. 

(види и доверител на стечајна маса)
 
Стечаен управник

Лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот.

 
Стечајна маса

Целокупниот имот на должникот на денот на отворањето на стечајната постапка, како и имотот што ќе го стекне во текот на стечајната постапка.

 
Стечајна постапка

Колективна постапка што ја води надлежниот суд за реорганизација или за ликвидација на должникот во стечај.

 
Стопанска дејност

Континуирана активност која е главно поврзана со извршување на промет кон друг субјект за одреден надоместок.

 
Стопанската интересна заедница

Две или повеќе физички и правни лица можат меѓу себе, за неопределено или определено време, да основаат стопанска интересна заедница со цел да го олеснат и да го унапредат вршењето на трговските дејности, кои го сочинуваат предметот на нивното работење и да го зголемат или подобрат нивниот резултат. Лицата можат да бидат асоцијативен член во соодветна стопанска интересна заедница основана во странство. Стопанската интересна заедница не може да биде член на друга стопанска интересна заедница.

 
Странец

Лице кое не е државјанин на Република Северна Македонија и лице без државјанство.

 
Странка во управна постапка

Лице по чие барање е поведена постапката или против кое се води постапката, или кое заради заштита на своите права и интереси има право да учествува во постапката.

 
Странско правно лице

Секое правно лице кое има фирма запишана во трговски регистар во странство или ако е запишано во трговскиот регистар во неговата земја и странски меѓународни невладини организации, фондации, сојузи и нивни подружници кои се непрофитни.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија