Даночниот речник генерално опфаќа дефиниции на термини, поими и скратеници од областа на даночното право. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи кои директно или индиректно ја регулираат и ќе ви помогнат подобро да ја разберете даночната материјата.
Данок кој се плаќа на добивката која правното лице-резидент на РМ ја остварува од вршење на дејност во земјата и странство, односно која правното лице-нерезидент на РМ ја остварува од вршење на дејност на територијата на РМ.
Општ потрошувачки данок кој се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата и во целокупниот услужен сектор.
Данок кој се плаќа на сопственоста на недвижен имот: неаграрно земјиште,стабени згради или станови, деловни простории, административни згради, згради и станови за одмор и рекреација, гаражи и други градежни објекти. Со процесот на децентрализација во РМ, од 30.06.2005 година администрирањето на данокот на имот и комуналните такси го вршат општините, како единици на локална самоуправа и Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа.
(види и извори на финасирање на општините)Данок кој се плаќа на недвижен имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот, кои наследниците односно примателите на подароци ги наследуваат односно примаат за подарок.
(види и извори на финасирање на општините)Данок кој се плаќа на остварениот промет на недвижности, односно на преносот со и без надоместок на
правото на сопственост, како и друг начин на стекнување на недвижности со и без надоместок меѓу правни и физички лица. Под промет на недвижности не се смета физичката делба на недвижниот имот.
Данок кој го пресметува и плаќа исплатувачот (даночен должник) во име на даночниот обврзник (физичко лице) при исплатата на приходот кон него.
Давачки на даночниот обврзник кои мора да бидат платени без противуслуги, кои служат за општо државно добро и кои на сите даночни обврзници им се наметнати со закон.
Акт што Управата за јавни приходи го составува и донесува при преземање на одредени дејствија во даночната постапка.
Пропишан образец на кој се утврдува и плаќа данокот на добивка за даночниот период (годината), односно периодот од годината за кој даночниот обврзник работел, доколку истиот работел за период пократок од годината.
(види и образец ДБ)Лице кое одговара за плаќање на даночен долг на даночниот обврзник во случај кога даночниот обврзник тој долг не го плати во рокот на пристигнување.
(види и гарант, гаранција во даночна постапка)Износот на данок или на друг вид јавна давачка кој даночниот обврзник е должен да го плати на начин пропишан со закон.
Лице кое треба да исполни одредена обврска за плаќање од даночната постапка; даночен гарант; лице кое треба да плати или наплати данок за сметка на трето лице; други лица кои треба да исполнат некоја обврска за плаќање од даночната постапка.
Свест на даночните обврзници за непходноста да плаќаат даноци, сразмерно на нивната даночна сила, за финансирање на јавните добра и услуги.
Оној кој должи данок; гарантира за данок; треба да плати или наплати данок за сметка на трето лице; треба да поднесе даночна пријава и/или даночно објаснување; мора да води книги или записи; или мора да исполнува други обврски кои му се наложени со даночните закони.
Период за кој се утврдува, пресметува и плаќа данокот.
Износот на данокот кој го сноси одредено лице или организација. Ова не е износот на данокот кој реално е платен поради можноста за пренесување на данокот.
(види и пренесување на данокот)Акт кој Управата за јавни приходи го донесува при преземање на дејствија во даночната постапка против даночниот обврзник, кој предизвикува непосредно правно дејство од кое произлегува одредено дејствие, трпење или оставање.
Избегнување на плаќање на данок преку кршење на даночните закони. Кај даночната евазија даночниот обврзник-даночен евадер, презема противзаконски дејствија со цел целосно или делумно избегнување на даночната обврска. Се јавува во два облика: дефраудација - даночно затајување (се јавува кај непосредните, дирекните даноци) и криумчарење - контрабанда, шверц (се јавува кај посредните, индирекни даноци: ДДВ, акцизите и царините).
Распределба на даночниот товар која произлегува од решенијата во даночните закони. Го покажува ефектот на данокот на оние кои го сносат неговиот товар, а не на оние кои реално го платиле данокот. На пример: ДДВ-то го плаќаат трговците, но крајниот товар паѓа на потрошувачите на нивните стоки и услуги. Исто така, една фирма може да плати данок на добивка, но доколку таа потоа ги зголеми цените на своите производи и услуги или ги намали платите на своите вработени со цел да го компезира платениот данок, може да се каже дека истата извршила пренесување на данокот - даночна инциденца.
(види и даночен товар)Споредна даночна давачка која се утврдува за задоцнето поднесување на даночна пријава, во износ кој не смее да надминува 10% од висината на законски утврдениот данок, и се наплатува заедно со данокот.
Секоја пропишана обврска за даночниот обврзник со Законот за даночна постапка или друг даночен закон, за дајствија во даночната постапка.
Претставува основата одредена со даночните закони на која се пресметува на данокот. Даночната основа при увоз на добра е вредноста на увезеното добро утврдена според царинските прописи.
Постапка за утврдување и наплата на јавните приходи која ја спроведува Управата за јавни приходи.
Запис на даночниот обврзник за остварените приходи, извршените расходи, добивката, имотот, прометот на добра и услуги или други трансакции од значење за утврдување на данок.
Процент кој се применува врз даночната основа за пресметување на данокот.
Сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои службените лица дошле во даночна, прекршочна или судска постапка; податоци за пронајдоци или патенти, како и сите други податоци за технолошките постапки кои ги применува даночниот обврзник и сите деловни тајни за трето лице со кои е запознаено службеното лице.
Евиденции кои Управата за јавни приходи ги води за даночните обврзници, кои ги опфаќаат даночните пријави, финансиските картички, како и резултатите од извршената надворешна контрола кај даночните обврзници.
Сите факти содржани во докази и во документи кои се од значење за оданочувањето.
Легално намалување на даночните обврски преку менување на однесувањето на даночниот обврзник. Не претставува кршење на даночните закони, односно истото не претставува нелегално дејство. Даночното избегнување може да биде предвидено со некој даночен закон (даночни ослободувања и олесувања), или да се остварува со користење на слабостите и недореченостите во даночните закони.
Намалување на даночната основа и намалување на пресметаниот данок согласно одредбите на соодветните посебни даночни закони.
Ослободување од плаќање на данок согласно одредбите на соодветните посебни даночни закони.
Случај кога даночниот обврзник за одреден даночен период, во пропишана даночна пријава, искажува повеќе платен данок на кој има право на враќање.
Однос кој во даночната постапка ги опфаќа правата и обврските на Управата за јавни проходи, од една страна и на даночниот обврзник, од друга страна, при што особено се уредува исполнувањето на даночните обврски од страна на даночниот обврзник, како и правото на Управата за јавни приходи да бара исполнување на овие обврски.
Расход искажан од страна на даночниот обврзник, кој се признава при утврдувањето на конечната обврска на данокот на доход.
Даночен управен акт со кој се врши утврдување на данок.
Лице кое поднесува царинска декларација во свое име, или лице во чие име се поднесува царинската декларација.
Постојано место на активност преку кое или во кое се врши, целосно или делумно, која било стопанска дејност на странско правно лице во Република Македонија, директно или преку зависен агент.
Книги и евиденции кои даночниот обврзник мора да ги води заради оданочување, како: трговски книги, сметководствени документи, записи и пописи, годишна сметка и финансиски извештаи, белешки за применети сметководствени политики и други документи во врска со организацијата, деловни писма и коресподенции, сметки за книжење и/или други документи, доколку истите имаат значење за оданочување.
Во случај кога при барање пристап до информации од јавен карактер, бараниот документ содржи класифицирани информации, тајни, доверливи или лични податоци, како и податоци/информации со чие оддавање би се нарушиле некои други права или би можеле да се предизвикаат штетни последици, имателот на информации обезбедува делумен пристап. Тоа значи дека имателот на информации, доколку е можно да ги одвои чувствителните информации од документот, без притоа да ја загрози неговата безбедност, го известува барателот на информацијата единствено за содржината на останатиот дел од документот.
Постапка која ја врши сервисен техничар на овластениот производител на фискалната опрема, во присуство на даночниот обврзник и овластено лице од УЈП. Демонтажата се извршува во сервисен центар или на лице место кај даночниот обврзник. За резервната меморија се спроведува постапка на фискализација.
(види и фискализација, фискална меморија)Денот кога: даночниот обврзник издал на банката налог за плаќање (даночен налог) од неговата сметка да пренесе на пропишаната уплатна сметка за јавни приходи одреден износ на средства, под услов на сметката да има доволно средства; должниот износ е уплатен на банката, со налог да изврши уплата на пропишана уплатна сметка за јавни приходи; запленети пари се уплатени на соодветна сметка на јавни приходи; е донесено решение од Управата за јавни приходи за пренос на предмети во сопственост на Р.Македонија; износот остварен со продажба на движни предмети и недвижности во постапка на присилна наплата на даноци и споредни даночни давачки е уплатен на пропишана уплатна сметка за јавни приходи; или денот кога парите се уплатени на уплатната сметка за јавни приходи, ако данокот е платен во готово или на некој друг начин (со чек, кредитна картичка и сл.).
Побарување од банката во пари, со или без камата или надомест од кој било вид, наплативо веднаш или на определен рок, зависно од условите договорени при вложување на паричните средства.
Дел од добивката на трговското друштво која што се распределува на содружниците, односно на акционерите на друштвото во согласност со правата определени во уделите, односно во секој род и класа на акции.
Збир на сите дневни трансакции (издадени фискални сметки). Дневниот финансиски извештај се врши еднаш во текот на 24 часа од работниот ден.
(види и фискална сметка)Разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник.
Се преговори чија цел е договорно (спогодбено) уредување на должничко-доверителските односи меѓу должникот и доверителот.
Физичко или правно лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое побарување настаноло по отворање на стечајна постапка.
(види и стечаен доверител)Договор од финансиски интерес, склучен меѓу јавен и приватен партнер, кој за предмет има проектирање (дизајнирање), финансирање, изградба и одржување на инфраструктурни објекти, опремување и/или давање на услуги од страна на приватен партнер со цел за вршење на одредена јавна услуга.
Договор од финансиски интерес, склучен меѓу концедентот и концесионерот, кој за предмет има користење на добро од општ интерес на Р.Македонија, изведување на градба од јавен интерес или вршење на јавни услуги.
Претставува една фаза во управната постапка која се состои во утврдување на вистинитоста на фактите кои според материјалните прописи се важни за донесување на решението.
Секој запис на информација без оглед на нејзината форма или карактеристики, пишан или печатен текст, карти, шеми, фотографии, слики, цртежи, скици, работни материјали, како и звучни, гласовни, магнетски или електронски, оптички или видео снимки во која било форма, како и пренослива опрема за автоматска обработка на податоци со вградени или преносливи мемории за складирање на податоците во дигитална форма.
Вложувањата во: акции или удели (во поврзани субјекти); заеми на поврзани субјекти; заеми со кои субјектот е поврзан врз основа на учество во вложувањето; учество во вложувања-партиципација (кога вложувањето е под 25% од основната главнина); вложувања во хартии од вредност (акции со кои се тргува; обврзници; благајнички записи; комерцијални записи; и др. видови на хартии од вредност); дадени кредити депозити и кауции (во земјата и во странство); задолжителни долгорочни вложувања (пропишани со закон; вложувања во фондови и др.); откупени сопствени акции и др. останати долгорочни вложувања.
Правно лице-стечаен должник над кое се врши реорганизација според планот за реорганизација.
Секое правно или физичко лице над кое може да се отвори стечајна постапка согласно Законот за стечај.
Стока: целосно добиена на царинското подрачје на Р.Македонија согласно Царинскиот закон, во која не е вградена стока увезена од други земји (стоката добиена од стока ставена во одложувачка постапка се смета дека нема статус на домашна стока); увезена од други земји и пуштена во слободен промет; и добиена или произведена на царинското подрачје на Р.Македонија.
Доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот ниту обврска за враќање од примателот на донацијата и која може да биде дадена за цели од јавен интерес или за поддршка на активностите на примателот. Под донација се подразбираат и жирални давања, теле-давање и организирани настани за прибирање на средства.
Исплати по основ на деловна успешност на работодавачот и надоместоци на плата утврдени со Законот за работните односи и колективен договор.
Претставува материјално дејствије преку кое се врши предавање на писменото (покана, решение, заклучок или друг службен спис) на лицето на кое му е наменето.
Збир на финансиски обврски создадени со задолжување на Р.Македонија, јавните установи основани од Р.Македонија и општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје не вклучувајќи го долгот на јавните претпријатија и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата,
општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје и на Народната банка на Р.Македонија.
Краткорочна должничка хартија од вредност издадена од Република Македонија.
Лице вработено во државната служба кое врши стручни, нормативно-правни, извршни, управни, управно-надзорни, плански, материјално-финансиски, сметководствени, информатички и други работи од надлежност на органот, во согласност со Уставот и со закон.
Потенцијална обврска за плаќање, преземена од Р.Македонија во име на носителот на јавен долг за чија сметка е издадена гаранцијата.
Трговско друштво во кое едно или повеќе физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорената основна главнина на друштвото. Влоговите на содружниците можат да бидат со различна големина. Содружниците не одговараат за обврските на друштвото.

