Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

02.04.2009
Бруто плата - Повремени прекини во обработката на пресметките
Во текот на денешниот ден/2 април 2009/, констатирани се повремени прекини во функционирањето на комуникацијата на Управата за јавни приходи со КИБС, поради што е оневозможена контролата на трансакциските сметки на oбврзниците за плаќање на придонеси и прифаќање на пресметката на плата на обврзникот за пресметка и уплата на бруто платата. Во тек е отстранување на проблемот.
 
02.04.2009
Од 2009 - престанува да важи обврската за поднесување на “ДД-02“ и “ДД-06“
Ги информираме даночните обврзници дека со измените на Законот за данок на добивка, од 1 јануари 2009 година се укина: правото за пренесување на загубите (член 23-a); и правото на примена на даночната консолидација (член 6).
 
01.04.2009
Демант - “МАКФАХ“ (текст: “Повторно застој со исплатата на бруто-платата“)
Компјутерскиот софтвер на УЈП што ги обработува пријавите за платите на вработените не е блокиран и истиот функционира за примање на пресметки и обработка на мартовските плати. За сите евентуални проблеми и пречки во врска со поднесувањето и обработката на пресметките за плата, Управата за јавни приходи како и досега ќе ја информира јавноста.
 
01.04.2009
Поднесување на пресметка за мартовска плата (образец “МПИН“)
Месечната пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН“) даночните обврзници може да ја доставуваат по електронски пат преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk или лично во даночните канцеларии на УЈП. Пресметките за плата задолжително да се поднесуваат, одделно, за секој даночен обврзник (еден даночен обврзник, еден маил). Декларацијата и Налогот за плаќање ќе Ви бидат доставени од УЈП на Вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Еднаш доставената пресметка за плата да не се праќа повторно преку е-пошта или во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи. види и локации за поднесување на “МПИН“ ...
 
20.03.2009
Демант - "ВЕСТ" (текст: "15.000 работници ги чекаат казна од УЈП")
Во врска со текстот “15.000 работници ги чекаат казна од УЈП“ (објавен во весникот ВЕСТ/20.03.2009, стр. 3), Управата за јавни приходи е на ставот дека со информациите пласирани од страна на редакцијата се дава погрешна слика и толкување за постапувањето и надлежноста на УЈП. Со цел избегнување на евентуални заблуди и погрешно информирање за обврските на даночните обврзници, ја информираме јавноста дека УЈП нема надлежност да врши казнување на работодавци кои воопшто не исплатиле бруто-плата, ниту пак да казнува работници кои не ја примиле нето-платата а тоа не го пријавиле во УЈП. Бројката од 15.000 работници, која се споменува во текстот, е паушална и која според презентираните податоци се однесува на лица на кои не им е исплатена нето-платата за месец јануари.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија