|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
31 |
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
17.02.2009
Според последните обработени податоци на Управата за јавни приходи, заклучно со 16 февруари 2009 година, пресметки поднеле вкупно 56.211 работодавци за 430.938 вработени. Од поднесените, одобрени се пресметките на 55.234 обврзници, кои се однесуваат на вкупно 416.115 вработени. Вкупно, со податоците од претходните денови, а заклучно со вчера, плати исплатиле 42.060 субјекти на 324.117 вработени.
|
|
16.02.2009
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзниците дека со измените на Законот за даночна постапка (“Сл. весник на РМ” бр.88/2008) одредбите со кои се предвидуваше “Годишната сметка за изминатата деловна година се доставува до Управата за јавни приходи до крајот на месец февруари наредната година” се избришани. Годишната сметка за 2008 година на пропишаните обрасци “Биланс на состојба“ и “Биланс на успех“, се доставува до Централниот Регистар на Република Македонија.
|
|
13.02.2009
Граѓаните, како даночни обврзници на персонален данок на доход, имаат обврска приходите кои ги оствариле во текот на 2008 година да ги пријават во Управата за јавни приходи, со задолжително поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“). Даночните пријави се поднесуваат од 1 јануари 2009, а најдоцна до 15 март 2009 година кога и истекува законскиот рок за поднесување на образецот “ПДД-ГДП“. Годишната даночна пријава можете да ја доставите во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи или преку пошта.
|
|
11.02.2009
Според последните обработени податоци на Управата за јавни приходи, до крајниот рок за поднесување на образец “МПИН“/10 февруари, 51.118 даночни обврзници доставиле пресметка за јануарска плата за 384.298 вработени. Поради големиот број на фирми кои доставуваа пресметки во изминатите два дена, и кои сеуште се обработуваат, конечниот број на пресметки за плата доставени до УЈП во законскиот рок се очекува да биде поголем.
|
|
10.02.2009
Денес/10-ти февруари е крајниот рок за поднесување на Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец "МПИН"). Според најновите податоци на Управата за јавни приходи, до 12:00 часот доставени и обработени пресметки за плата се вкупно 40.699 за 301.594 вработени, од кои прифатени како точни се 37.881, а 2.818 месечни пресметки се одбиени.
|
|
|
|
|
|
|