Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
04.03.2009
Пресметките за плата задолжително да се поднесуваат, одделно, за секој даночен обврзник (еден даночен обврзник, еден маил). Декларацијата и Налогот за плаќање ќе Ви бидат доставени од УЈП на Вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Еднаш доставената пресметка за плата да не се праќа повторно преку е-пошта или во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи. Даночни канцеларии и локации во Скопје каде може да ја поднесете месечната пресметка за плати за февруари ......
|
|
|
04.03.2009
Врз основа на известувањето од “Македонски Телеком“ АД Скопје, во периодот од 4 до 6 март 2009, поради извршување на изведбени зафати на телекомуникациската мрежа кај корисниците на мрежата (вклучувајќи ја и Управата за јавни приходи) може да се јават прекини и забавување на мрежните сервиси. Од тие причини, ги информираме даночните обврзници дека во наредните два дена може да се јават и прекини и забавување на процесот за електронската достава на “МПИН“ образецот преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk.
|
|
|
27.02.2009
“При утврдување на најниската и највисоката основица за пресметување и плаќање на придонеси за февруарската плата 2009 година, како просечна бруто плата се зема објавената бруто плата за месец ноември која изнесува 27.507,00 денари. Најниската основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 13.753,50 денари (50% од 27.507,00 денари), а највисоката основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 110.028,00 денари (4X27.507,00 денари), и истите ќе се применуваат во текот на цела 2009 година.“ (*Министерство за финансии, бр. 02-7919/1 од 27.02.2009 година)
|
|
|
24.02.2009
Ги информираме даночните обврзници дека на 28-ми февруари 2009 година/сабота, од 08.30-16.30 ќе работат службите за прием на даночни пријави во сите даночни кланцеларии на УЈП низ Републиката. Приемот на даночните пријави образец “ДБ”, “КДБ”, “ДБ-ВП”, “РДО-ВП” и “ДД-ИН” ќе се врши и на 2-ри март/понеделник, бидејќи крајниот рок за поднесување на истите се паѓа во неработен ден.
|
|
|
17.02.2009
Според последните обработени податоци на Управата за јавни приходи, заклучно со 16 февруари 2009 година, пресметки поднеле вкупно 56.211 работодавци за 430.938 вработени. Од поднесените, одобрени се пресметките на 55.234 обврзници, кои се однесуваат на вкупно 416.115 вработени. Вкупно, со податоците од претходните денови, а заклучно со вчера, плати исплатиле 42.060 субјекти на 324.117 вработени.
|
|
|
|
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија
|