Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Фото галерија
22.11.2017
Пратеничка група за меѓупарламентарни односи на Врховната Рада на Украина во посета на Управата за јавни приходи
(Скопје, 22.11.2017) Во рамките на работната посета со четиричлената пратеничка група од Украина разменивме искуства и добри даночни пракси, особено во делот на Персоналниот данок на доход, Данокот на додадена вредност и Данокот на добивка, како и предизвиците и трендовите во оданочувањето.
 
31.10.2017
ПРЕДАВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА НА ИНСТИТУТОТ „ЈУРИДИКА ПРИМА“
(Скопје, 31.10.2017) На покана на Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика Прима“ Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одржа предавање на тема „Новини и актуелности во работењето на Управата за јавни приходи. Дали е потребна даночна реформа?“.
 
05.10.2017
ПРЕДАВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ – СКОПЈЕ
(Скопје, 05.10.2017) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одржа предавање за студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на кое ја претстави работата на Управата за јавни приходи, организациската поставеност и надлежностите, како и активностите и проектите кои се спроведуваат за градење на даночната администрација како партнер на бизнисите и граѓаните во Република Македонија...
 
02.10.2017
СРЕДБА НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА СО ДЕЛ ОД ПЕНЗИОНИРАНИТЕ КОЛЕГИ ОД УЈП
(Скопје, 02.10.2017) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со дел од пензионираните колеги кои долго време беа дел од процесите за јакнење на Управата за јавни приходи. На средбата беше констатирано дека во изминатите години од нивна страна е вложен огромен напор и даден е голем придонес за градење на Управата за јавни приходи која ја имаме денес, заради што вратите на нивната институција ќе бидат секогаш отворени за соработка и размена на искуство...
 
26.09.2017
Средба на Директорката Лукаревска со претставници на Светска банка
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со претставниците на Светска банка на која се разговараше за модернизацијата на УЈП, влијанието врз ефикасноста на наплатата на даноците, зајакнувањето на јавното финансиско управување, како и областите за идна соработка за поддршка на реформите на Владата на Република Македонија...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија