Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Интервјуа
Година Медиум  

17.07.2017
УЈП води 40-тина предмети за функционери
ИНТЕРВЈУ СО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ДИРЕКТОРКА НА УЈП:„Последните податоци покажуваат дека не сите функционери пријавиле промена на имот и не доставиле Анкетен лист. Ова важи и за сите новоназначени функионери. Во моментов, во УЈП се води 21 активен предмет за функционери и службени лица согласно Законот за спречување на корупција, добиени се 5 нови барања од Државната комисија за спречување на корупција, а од страна на УЈП иницирани се постапки за уште 17 случаи“, вели в.д. директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
 
11.07.2017
Новата директорка на УЈП најави голема даночна реформа
ИЗЈАВА: САЊА ЛУКАРЕВСКА; ДИРЕКТОРКА НА УЈП - Управата за јавни приходи како државна институција ја враќа својата улога како сервис на граѓаните и фирмите…Една од позитивните промени кои се очекуваат да ги донесе новиот систем е укинувањето на Годишните извештаи за ПДД и воведување на електронска услуга е-ППД преку која граѓаните и фирмите ќе можат тековно да вршат пријавување, пресметка и плаќање на персоналниот данок по одбивка. Втората фаза е издавање на предпополнета Годишна даночна пријава по електронски пат, односно УЈП да ги пополнува пријавите, а граѓаните само да ги верификуваат податоците. Реформите во даночниот систем се неопходни, од една страна заради приближување до најдобрите даночни практики, но и исполнување на долгогодишните барања на сметководителите и обврзниците, и од друга страна заради подобрување на услугите на даночната администрација...
 
16.01.2017
99-процентната наплата на даноци се должи на довербата на граѓаните
ИНТЕРВЈУ СО АНАСТАСИЈА ИЛИЕСКА, ДИРЕКТОРКА НА УЈП: Да се биде на чело на една од најкомплексните институции во државата како што е УЈП за мене лично е голем предизвик. Свесна сум што значи да се менаџира процесот на оданочување и истовремено да се води даночната управа. Не е во прашање само мојата одговорност, голема е одговорноста на сите вработени во УЈП. Функцијата и работата наложува да се биде крајно професионален, посветен и строго да се работи по пропишаната законската регулатива. Нема простор за импровизација, даночниот обврзник и услугите биле и остануваат наш приоритет. Вработените се во функција на државата, но истовремено и во служба на даночните обврзници. Тоа е начинот на кој Управата секојдневно пулсира. Се движиме и живееме низ призмата на остварување на нашите работни обврски, во интерес на државата, за доброто на граѓаните. Од друга страна, пак, ангажманот кој со себе го носам е токму во насока УЈП да се изгради, да се доизгради во висока, уште помодерна, професионална и ценета даночна институција, со кредибилитет кој го одржува даночниот систем на стабилно ниво. Се разбира, неминовен е процесот на модернизација, унапредување на услугите, имплементирање на позитивните практики од европските даночни институции...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија