Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
Албанските даночници во работна посета на Битола
11.12.2009

БИТОЛА - Во рамките на интензивната меѓународната соработка воспоставена помеѓу даночните власти на Република Македонија и Република Албанија, од 08 до 11 декември 2009 година во Битола, се одржа средба со претставници на Албанската даночна администрација.

Покрај највисокото раководство на даночните администрации, директорот Горан Трајковски и директорот Артур Папајани, на средбата учествуваа и претставници од генералните дирекциии на двете администрации, како и претставници од Регионалните дирекции на Битола и Елбасан.

Во тридневната работна посета, даночниците од албанската Регионална дирекција Елбасан, имаа можност одблиску да се запознаат со работата на колeгите од УЈП Регионалната дирекција Битола и да разменат искуства и информации во делот на водењето на даночните постапки, но истовремено да изградат мост за понатамошна соработка меѓу двете регионални дирекции.

Во рамките на средбата, претставниците од Елбасан имаа можност да го посетат и новоотворениот даночен шалтер на УЈП во Вевчани.

Теми на работна средба

Основната цел на средбата е воспоставување на поблиска соработка и размена на искуствата во двете рагионални дирекции во делот на:

  • Организација и функционирање на Регионалните дирекции
  • Воспоставување на стандарди за мерење на учиноци во УЈП
  • Даночна контрола на обврзниците
  • Услуги на даночни обврзници
  • Службена регистрација на даночните обврзници
  • Присилна наплата на даноците
Image022_thumb   Image026_thumb   Image034_thumb      
 
 
     
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија