Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Лукаревска: САД ни помагаат во унапредувањето на процесите во Управата за јавни приходи
16.11.2023

Глас на Америка: Госпоѓо Лукаревска учествувате на меѓународен собир за даноците и целите за одржлив развој, во Њујорк. Колку од тоа што разговарате таму резонира со македонскиот даночен систем?

Сања Лукаревска: Искрено да ви кажам, навистина сум горда што на покана на УНДП сум дел од овој настан, од овој дијалог кој што ќе трае два дена. Навистина може да се слушнат најразлични искуства од другите земји бидејќи овде на високо ниво има претставници, но и колеги и директори на даночните управи, секако министри за финансии, поранешни министри за финансии, нобеловци итн., се разговара на повеќе теми. Сметам дека секое искуство од нив е добредојдено и тоа што ќе може да се имплементира и во нашата даночна администрација. Искрено како дел од овој настан можам да кажам дека станува збор за еден глобален повик за акција и за борба против сиромаштијата, унапредување на самата позиција даночната политика во сите сфери на општественото функционирање во сите земји. Се разговара, исто така, актуелно она кое што е за климатските промени, одржливиот развој итн. Тука е во организација значи на УНДП, Колумбија Универзитетот како и владите на Норвешка и на Финска.

Глас на Америка: Како би ја сумирале соработката со американските институции од вашата бранша?

Сања Лукаревска: Можам да кажам дека навистина наш врвен стратешки партнер се САД и имаме одреден постулат во кој што поставуваме одредено функционирање меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Пред се, во рамки на функционирањето на Управата за јавни приходи имаме претставници од Одделот за финансии на САД, како и од трезорот на САД кој што се кај нас во моментов, во Управата со нивни соодветни совети, меѓутоа и одреден надзор и мониторинг кој што го прават во рамките на она што значи процеси и доста се насочени во делот на унапредувањето на даночниот инспекторат, услугите кои што даваме спрема даночните обврзници, обуките, развојот, едукациите кои што се неопходни секако за целиот тим во УЈП. Тоа е еден вид на посебна програма со цел да имаме администрирање на приходите кои што всушност ни е основна работна задача на нас како даночна управа. Овој проект би требало да трае од 2023 до 2027 година. Заедно сме вклучени и со Царинската управа како две клучни институции кои што го собираат односно кој што го полнат буџетот и ги собираат приходите. Истовремено се дискутираше на повеќе теми за унапредување со долгови. Сакаа да го унапредат и нашиот ИТ систем, ИТ процесите, дигитализацијата кои што сметам дека во овој период се навистина неопходни. Со тоа што од една страна ни помагаат во унапредувањето на процесите во рамки на Управата, а од друга страна ги гледаат и сите оние слабости и предности, добронамерни сугестии со цел да имаме една добра стратегија и во иднина да можеме да придонесуваме со повеќе резултати и успешни завршени процеси.

Глас на Америка: САД секако би сакале да видат како УЈП се бори со сивата економија. Што би одговориле?

Сања Лукаревска: Не само САД, всушност и сите ние сакаме да се бориме заедно координирано со сивата економија. Тоа го правиме најдобро што можеме во овој период. Исто така можам да кажам дека донесени се повеќе стратегии, имаме Национален совет за борба против неформалната економија во кој сум вклучена и јас како директор на Управата за јавни приходи. Секој во својот домен во своите надлежности, во своите овластувања ќе треба да допринесе за да овој Национален совет всушност ги испорача оние резултати, а секако и да се намали сивата економија. Јас многупати сум кажала и овој пат и пред вас ќе кажам дека само со координиран пристап меѓу сите институции со заедничка заложба ние ќе може да имаме резултати. Оваа појава на сива економија слушајќи овдека денес и вчера на овој дијалог, можам да кажам дека е рак рана буквално во секоја земја и сите се борат на најразличен начин. Секако дека потребите спрема граѓаните е тоа да борбата против корупцијата биде основен и врвен приоритет за што сметам дека е обврска на секоја институција поединечно бидејќи и овдека зборувавме дека имаше една навистина одлична забелешка кога еден од присутните панелисти кажа дека всушност оние кои што работат во администрацијата, даночната управа, кои што ги собираат даноците се всушност социјални супер херои бидејќи доколку тие добро си ја завршат работата ќе може сите општествени текови да се одвиваат непречено и да се градат и болници, патишта и образовниот процес да се развива итн.

Глас на Америка: Владата го претстави Буџетот за 2024 година. Колку според вас е реалистичен документот со оглед на долгата листа на должници кон државата?

Сања Лукаревска: Како што ги следам и коментарите меѓутоа и бевме секако повикани на она што значи нов буџет за 2024, тој е секако и развоен и креиран согласно потребите и на граѓаните и секако на македонската економија. Значи тука ќе се посветиме повторно на економски раст и развој секако фискална одржливост она кое што е всушност еден од приоритетите и на подмирување на обврските. Оваа година нашата задача ќе биде да наполниме 65 проценти од буџетот заедно со приходите и социјалните придонеси. Имаме повисок план за ДДВ од 2,8 проценти во споредба со 2023 година, меѓутоа можам да кажам дека еден вид на олеснителна околност ќе биде и новата даночна реформа која што ќе ја зголеми и всушност и базата на она што значи даночна основа истовремено имаме одредени даночни ослободувања, даночни олеснувања, а секако дека предизвикот ќе биде повторно да го имаме и оној висок процент на наплата на социјалните придонеси.

Глас на Америка: На агендата на Уставниот суд е Законот за солидарен данок. Некои бизниси очигледно го чекаат исходот пред да ги подмират своите даночни обврски според овој закон. Ваш коментар?

Сања Лукаревска: Видете, да се вратам и на претходното прашање во делот на долговите. Бидејќи имаме уште 19 компании од вкупно 156 кои што го немаат платено данокот на солидарност, така да тие секако дека се должници на некој начин, меѓутоа уште овие 19 даночни обврзници ги контактираме постојано за да најдеме соодветно решение како тие да ги подмират своите обврски. Должници имало и ќе има и тоа е дел од нашата законска обврска да треба да ги објавиме со цел да ја запознаеме и јавноста и граѓаните. Данокот на солидарност бидејќи има иницијатива на Уставниот суд ќе видиме како ќе заврши целиот тој процес. Од една страна гледаме дека тој процес за данокот на солидарност со коморите, со засегнатите страни го водевме доста транспарентно и проактивно и напоменавме дека данокот на солидарност всушност е и еднократен. Од друга страна, гледаме дека пак истовремено и компаниите се трудат што побрзо да успеат да ги подмират овие свои обврски. Од овие 19 компании кои што ги напоменав на почетокот, 17 од нив значи немаат воопшто никаква уплата, а останатите две всушност имаат одредено парцијално направено уплаќање да речам ако може така во делот на обврската на данокот на солидарност. Така да, досега имаме останато уште 643,7 милиони денари кои што треба да ги собереме. Најголемиот должник всушност претставуваше трговија со електрична енергија и изнесува 294,6 милиони денари кој што треба да плати данок на солидарност и очекувам дека тоа ќе се заврши во предвидениот рок. Но, сепак, наша обврска е дека треба да направиме одреден контакт со нив бидејќи секоја компанија е приказна сама за себе, а тука сме ние да го градиме оној партнерски однос. И токму на овој начин ние би го покажале за сето тоа.

„Најголемиот должник всушност претставуваше трговија со електрична енергија и изнесува 294,6 милиони денари“

Глас на Америка: Доаѓаат избори - многумина сакаат да ве видат како кандидат за претседателската функција. Подготвени сте за предизвикот?

Сања Лукаревска: Искрено морам да кажам и пред вас тука дека немам таква амбиција, но сум убедена дека за овие претседателски избори во Република Северна Македонија СДСМ ќе го има најдобриот кандидат. 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија