Поради големиот интерес на даночните обврзници, од месец Октомври 2009 Управата за јавни приходи ќе отпочне со редовни едукативни средби со даночните обврзници за регистација и електронско поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци (http://etax.ujp.gov.mk).
Со цел поголема достапност на информациите и директна комуникација со даночните обврзници за начинот на користење на електронските услуги на УЈП, обуките ќе се одржуваат на ниво на сите Регионални Дирекции на УЈП.
Целна група: Обуките се наменети за СИТЕ правни лица и вршители на дејност кои имаат обврска за поднесување на даночни пријави до Управата за јавни приходи.
Време и место на одржување: За месец Октомври предвидени се обуки во Скопје, Штип, Кавадарци, Тетово и Битола и тоа:
- Штип - 7 октомври/среда, со почеток од 11 до 13 часот. Подетални информации ќе добиете од лицата за контакт;
- Скопје - 14 и 28 октомври/среда, со почеток од 11 до 13 часот, Контакт Центар на УЈП (ГТЦ, 2-ри кат над кино Милениум);
- Кавадарци – 21 октомври/среда, со почеток од 11 до 13 часот. Подетални информации ќе добиете од лицата за контакт;
- Тетово - 22 октомври/четврток, со почеток од 11 до 13 часот. Подетални информации ќе добиете од лицата за контакт;
- Битола - 26 октомври/понеделник, со почеток од 11 до 13 часот. Подетални информации ќе добиете од лицата за контакт.
Теми:
- Концепт и функционалности на е-Даноци
- Практична презентација на функционалностите на е-Даноци
* Доколку сте заинтересирани за присуство на обуките, Ве молиме Вашето учество да го најавите најдоцна 2 дена пред почетокот на обуките на долунаведените контакти. Учеството е бесплатно!
Лице за контакт
- за Скопје - Александар Андреески
тел: 02/3299 534
е-пошта: aleksandar.andreeski@ujp.gov.mk - за Штип - Mаре Данкова
тел: 032/397 818
е-пошта: mare.dankova@ujp.gov.mk - за Кавадарци - Тејфит Амишев
тел: 043/411 752
е-пошта: tejfit. amisev@ujp.gov.mk - за Тетово - Јовица Серафимовски
тел: 076/464 575 - за Битола - Злате Муневски тел: 070/962 531