Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Даночна академија - Посетете ги обуките за е-Даноци во декември
Понеделник, 03.12.2012 - Среда, 26.12.2012, Дебар, Велес, Куманово, Радовиш, Битола, Скопје, Кичево, Македонски Брод, Гевгелија, Берово, Кочани, Охрид, Прилеп, Демир Хисар, Гостивар, Струга, Кавадарци, Кратово, Струмица, Крушево, Тетово, Неготино, Делчево и Ресен

Во пресрет на новата законска обврска за ДДВ за задолжително користење на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk која стапува на сила од 2013 година, посетете ги обуките за е-Даноци кои Управата за јавни приходи ги организира во вашиот град/општина (види Распоред на обуки во прилог). ДДВ обврзниците, почнувајќи од 2013 година, имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци (Закон за даночна постапка „Служен весник на РМ“, бр.84 од 04.07.2012 година), и тоа: Месечни ДДВ обврзници – од 01/01/2013; и Тримесечни ДДВ обврзници – од 01/07/2013
На еднодневното советување, сите заинтересирани лица (правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа), имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на регистрација на системот е-Даноци, електронско поднесување на даночни пријави и други формулари до УЈП, увид во даночни картици, преглед на извештаи и др.

Период: Од 3 до 26 декември 2012 година

Локација: Дебар, Велес, Куманово, Радовиш, Битола, Скопје, Кичево, Македонски Брод, Гевгелија, Берово, Кочани, Охрид, Прилеп, Демир Хисар, Гостивар, Струга, Кавадарци, Кратово, Струмица, Крушево, Тетово, Неготино, Делчево и Ресен

Организатор: Управа за јавни приходи - Даночна академија

Учество на обуката: Со апликација (најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката).

Целна група: Правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа.

Ниво: Оперативно (учесниците на обуката треба да имаат основни познавања од интернет комуникација).

Опис на обуката: Еднодневна обука на која ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е-услугите на Управата за јавни приходи.

 
 
е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија