Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
06.03.2009
Нов начин на пресметка на аконтации на данок на добивка за месеците февруари – декември 2009 и јануари 2010

Правни лица кои што остваруваат добивка од вршење на дејност, вклучително и обврзниците со посебен даночен статус - заштитните друштва, стопанските единици во рамките на установите за извршување на санкции и казнено-поправните установи, како и корисниците на технолошко-индустриските и развојни зони, немаат обврска да доставуваат Месечни пресметки на аконтациите на данокот на добивка (образец “МДБ“) за утврдувањето и плаќањето на месечните аконтации за февруари - декември 2009 година и јануари 2010 година.

Со одредбите на член 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (“Сл. весник на РМ“ бр. 159/2008) во примена од 1 јануари 2009 година, се пропиша постапката на утврдување на месечните аконтации на данокот на добивка за 2009 година.

Утврдувањето и плаќањето на месечните аконтации е регулирано и со одредбите на член 16 од истоимениот закон.

Даночните обврзници освен обврзниците со посебен даночен статус - заштитните друштва, стопанските единици во рамките на установите за извршување на санкции и казнено-поправните установи, како и корисниците на технолошко-индустриските и развојни зони, пресметката на аконтациите на данок на добивка заради утврдување и плаќање на месечните аконтации за месеците февруари – декември 2009 и јануари 2010 треба да ја вршат на следниот начин:

Начин на пресметка на аконтации на данок на добивка
за месеците февруари – декември 2009 и јануари 2010

Р. бр. Позиции од даночен биланс за деловната 2008 година Начин на пресметка
 1.  Износ на непризнаени расходи во даночниот биланс поле 02 во образецот ДБ составен за 2008 година
 2.  Износот на данок содржан во непризнаените расходи износ на поле 02 помножен со 10%
3. Износ на даночно намалување по основ на даночен кредит искажан во даночниот биланс износот на даночниот кредит во висина на платениот данок на добивка во претходниот даночен период, искажан на поле 43
4. Износ на даночните ослободувања и олеснувања искажани во даночниот биланс Збир од ред. бр. 4-а +4-б
4-а. Намалување на данокот за сразмерниот дел на учество на странското лице во вкупниот капитал износот на реден број 2 минус износ на реден број 3 > 0, помножен со процентот на учество на странското лице во вкупниот капитал искажан на поле 66
4-б. Намалување на данокот за вредноста на набавените и ставени во употреба до 10 фискални апарати (член 36-б) збир од износите искажани на поле 57 и поле 65
5. Износ на утврден данок
(р.бр. 2 – р.бр. 3 – р.бр.4 > 0)
износ од реден број 2 намален за износ од реден број 3 и износ од реден број 4, доколку е поголем од нула
6. Месечен износ на данокот на добивка износ на реден број 5 поделен со 12
7. Месечен износ на данокот на добивка ревалоризиран со коефициентот на пораст на цените на мало износ на реден број 6 помножен со коефициент на пораст на цени на мало

УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ

1. Износ на непризнаени расходи во даночниот биланс се превзема од поле 02 на ДБ составен за 2008 година
2. Износот на данок содржан во непризнаените расходи се утврдува кога износот од реден број 1 (поле 02) ќе се помножи со 10%
3. Износ на даночно намалување по основ на даночен кредит искажан во даночниот биланс се превзема од износот на Даночниот кредит во висина на платениот данок на добивка во претходниот даночен период, искажан на поле 43
4. Износ на даночните ослободувања и олеснувања искажани во даночниот биланс. Овој износ се пресметува како збир од износите искажани ма ред. бр. 4-а + ред. бр. 4-б на оваа пресметка
4-а. Намалување на данокот за сразмерниот дел на учество на странското лице во вкупниот капитал се пресметува кога износот искажан на реден број 2 минус износот на реден број 3 кој е поголем од нула, ќе се помножи со процентот на учество на странското лице во вкупниот капитал искажан на поле 66. Ова налалување не се пресметува доколку износот на реден број 2 минус износот на реден број 3 е помал од нула

* Намалувањето по основ на процент на учество на странското лице во вкупниот капитал на даночниот обврзник утврден на 31 декември во годината, се внесува само доколку е издадена согласност ДД-12 на поднесеното барање ДД-03 по однос на извршените вложувања до 31 декември 2006 година. Доколку 2008 е трета година на одобреното намалување според издаденото Привремено решение ДД-13 (на пр. 2006, 2007 и 2008) овој податок не се внесува, односно намалувањето не се извршува (Основот за ваквото постапување е во сеуште важечкиот член 13 став 4 точка 1 на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување – “Сл. весник на РМ“ бр. 92/2001 .... 21/2008 во кој се наведува “... Намалувањето на месечните аконтации се врши во периодот кој следи по ДБ во кој за првпат е искажано даночното намалување, а завршува со поднесениот ДБ за третата година од еднократниот период за кој се применува даночното намалување“.

* Доколку Привременото решение (ДД-13) за даночно намалување по основ на влог на странец се однесува и на 2009 година (2007, 2008 и 2009), во тој случај се применува даночното ослободување во аконтативните износи на данокот на добивка за 2009-та година во висина на одобрениот процент искажан на поле 66 во ДБ за 2008 година.

4-б.

Намалување на данокот за вредноста на набавените и ставени во употреба до 10 фискални апарати (член 36-б) збир од износите искажани на поле 57 и поле 65

* Овој износ се проверува со износот на неискористеното право од издаденото Привремено решение ДД-17 по поднесеното барање ДД-07

5. Износ на утврден данок е еднаков на износот од реден број 2 намален за износот од реден број 3 и износ од реден број 4, доколку истиот е поголем од нула (р.бр. 2 – р.бр. 3 – р.бр.4 > 0)

* Доколку овој износ е помал од нула, обврзникот не е во обврска да врши пресметување и плаќање на аконтации на данок на добивка.
6. Месечен износ на данокот на добивка се добива кога износот на реден број 5 ќе се подели со 12
7. Месечен износ на данокот на добивка ревалоризиран со коефициентот на пораст на цените на мало се утврдува кога износот на реден број 6 се помножо со коефициент на пораст на цени на мало
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија