Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
10.12.2007
Повлекување на продажбата на имотот на даночниот должник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО

Во врска последните случувања поврзани со даночниот обврзник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО, Управата за јавни приходи информира за следното:
Управа за јавни приходи – Регионална Дирекција Струмица, на 03.12.2007 година во весникот “Дневник“, објави Оглас за продажба на движен и недвижен имот по пат на усна аукција за присилна наплата на неплатен даночен долг спрема даночниот обврзник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО, со почетна вредност од 779.152.110,00 денари.
Како што најави Управата за јавни приходи и заради спречување на штетите и последиците за евентуалните купувачи на имотот предмет на аукцијата која требаше да се одржи на 20.12.2007 година, Управата за јавни приходи – Генерална Дирекција на 08.12.2007 година го повлече Огласот за продажба на движен и недвижен имот по пат на усна аукција за неплатен даночен долг на даночниот должник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО објавен на 03.12.2007 година.
Причини за ваквиот чекор е што УЈП - Генерална Дирекција по извршениот увид во предметот констатираше неправилности и непочитување на одребите од Законот за даночна постапка во водењето и начинот на спроведување на постапката за присилна наплата, односно продажбата на имотот на Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО, од страна на УЈП - Регионална Дирекција Струмица.

Имено, недвижноста која требаше да биде предмет на јавна аукција е запишана во соодветен регистар – Државен завод за геодетски работи, што пак истовремено подразбира дека УЈП – Регионална Дирекција Струмица е должна пред објавувањето на јавната продажба на движен и недвижен имот, во конкретниот случај продажба на имотот на даночниот обврзник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО да донесе Решение за утврдување на почетната вредност на недвижноста, предмет на јавната продажба по пат на усна јавна аукција. УЈП - Регионалната Дирекција Струмица вакво Решение нема донесено.

Исто така, пропустот кој е увиден од страна на УЈП – Генерална Дирекција е што РД Струмица на јавната продажба која требаше да се одржи на 20.12.2007 година има ставено и имот на продажба за кој постои судска забрана за извршување. Од поседовниот лист со бр.5272 за КО Гевгелија може да се види дека ставена е судска забрана со Решение за извршување ИСТ 24/05 од 17.03.2005 година, која оневозможува продажба на имотот запишан во поседовниот лист на даночниот обврзник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО.

Токму од тие причини и поради сите утврдени неправилности и грешки во постапувањето на УЈП – Регионална Дирекција Струмица, кои како такви се недопусливи за Управата за јавни приходи, Директорот на УЈП - Генерална Дирекција донесе Налог за отстранување од работа од Управата за јавни приходи до донесување на одлука за отказ на Договорот за вработување на службеникот Љупчо Колев на работното место Раководител на Регионална Дирекција Струмица.

Истовремено, заради непрофесионалност и непостапување согласно Законот по достасаниот а неплатен долг од страна на Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО, Предлог за покренување на дисциплинска постапка и предлог за суспендирање од органот, како и Решение за суспендирање на државен службеник ќе добијат државните службеници Биљана Спасова (Советник во Сектор за утврдување и наплата на данок во Одделение за одлагање на плаќање на данок – репрограм, Генерална Дирекција, која до 01.12.2007 година ги извршуваше работните задачи на Раководител на Сектор за присилна наплата во ГД) и Гонца Табанова (Советник за присилна наплата во Регионална Дирекција Струмица).
Причина за ваквата одлука, е што горенаведените службеници со нивната работа во УЈП и постапување, односно непостапување согласно Законот не само што предизвикаа штети во работењето на Управата, туку и нанесоа штета на угледот на институцијата.

По отстранувањето на формалните и материјални недостатоци во постапката на присилна наплата на даночниот долг на Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО, Управата за јавни приходи ќе пристапи кон впаричување на долгот на горенаведениот даночен обврзник, за што јавноста согласно Законот ќе биде известена.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија