Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
29.04.2025
Директорката на УЈП Елена Петрова се обрати на научниот собир „Ден на денарот“ и потпиша Меморандум за соработка со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип Дејан Мираковски

Директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, денес се обрати на научниот собир „Ден на денарот“, кој по четврти пат е организиран од Катедрата за финансии при Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

По повод одбележувањето на монетарното осамостојување и прогласувањето на денарот како национална валута, говорниците на настанот зборуваа за значењето на монетарната независност како темел на економскиот суверенитет на државата, стабилноста на денарот како симбол на доверба во институциите и финансискиот систем, како и за клучната улога на јавните финансии во градењето на стабилна, развојно ориентирана и праведна економија. Посебен акцент беше ставен на тоа дека одржувањето на стабилна национална валута не е само техничко или економско прашање, туку бара долгорочна визија, одговорни политики и активна вклученост на сите општествени чинители – особено младите кадри, кои се идни носители на финансиските институции и креатори на политики.

Во своето обраќање пред студентите и академската јавност, директорката Петрова даде осврт на историскиот развој на Управата за јавни приходи, нејзината трансформација од институција што создаваше страв кон институција што гради доверба и партнерство, како и насоки за понатамошен развој:

„Пред студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип имав чест да дадам краток осврт на историјатот на УЈП, на создавањето на современата Управа и на новата иднина на која посветено работиме. Во текот на историскиот развој, УЈП суштински се трансформираше – од администрација за контрола која поттикнуваше страв, во сервис на граѓаните и фирмите ориентиран кон поддршка, информирање и олеснување на доброволното исполнување на даночните обврски. Контролата и санкциите остануваат, бидејќи даночната евазија секогаш ќе постои како сенка на даноците, но денес контролата е паметна и таргетирана врз основа на анализа на ризици. Денес посветено работиме на градење модерна, европска, дигитализирана УЈП и создавање нов амбиент за македонските даночни обврзници. На студентите, идни економисти, правници, менаџери и даночни советници им порачавме дека во оданочувањето најважна е довербата што се темели на праведноста. Фер е секој да го плати својот дел. Само така можеме заеднички да градиме праведно општество.“ – изјави Петрова.

На настанот се обрати и проф. д-р Стеван Габер, раководител на Катедрата за финансии, кој ја истакна историската и економската важност на денарот како симбол на монетарната независност и економскиот суверенитет на државата. Тој потенцираше дека стабилноста на националната валута не се одржува само преку институционални политики, туку и преку постојано вложување во финансиска едукација, професионален развој и градење свест кај младите генерации. Академската заедница, нагласи Габер, има суштинска улога во оформувањето на идни кадри кои ќе бидат носители на здрав и одржлив економски систем.

Настанот, кој традиционално се одржува по повод Денот на денарот, има за цел да ги доближи финансиските и даночните институции до академската заедница и младите кадри во развој. Присуството на млади луѓе на вакви настани е од суштинско значење, бидејќи тие се носители на нови идеи, дигитална писменост и современи вредности што треба да се инкорпорираат во работата на институциите. Нивното активно вклучување и разбирање на улогата на УЈП претставува инвестиција во иднината.

Во рамки на оваа посета, директорката Елена Петрова и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Со овој Меморандум се воспоставува долгорочна и стратешка соработка насочена кон унапредување на образованието, истражувањата и практичната примена на знаења во областа на јавните финансии и даночната политика. Соработката ќе се реализира преку заеднички проекти, размена на стручни кадри, волонтерски програми за студентите, како и поддршка во изработка на магистерски и докторски трудови со апликативна вредност. 

При потпишувањето на Меморандумот за соработка двете страни ја истакнаа важноста на поврзувањето на теоријата и практиката во насока на развој на современи јавни финансии, одржлива економија и квалитетна подготовка на идни професионалци.
Преку ваквите соработки, Управата за јавни приходи го зајакнува партнерството со академската заедница и вложува во новата генерација стручни, етички и одговорни професионалци кои ќе ја градат иднината на македонскиот јавен сектор и ќе креираат потенцијал за поволна економска клима во земјава и развојно ориентиран финансиски систем. 

     
     

Управата за јавни приходи останува посветена на отворање на вратите кон идните генерации преку соработка со универзитети, поддршка на студентски иницијативи и практична едукација, со цел создавање нова генерација на стручни, етички и одговорни професионалци во областа на јавните финансии и оданочувањето. Воедно, УЈП продолжува со посветена и транспарентна соработка со сите општествени чинители, со јасен фокус на едукација, дигитализација и унапредување на доброволното даночно усогласување.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија