Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.04.2009
Билатерална соработка со албанската даночна администрација

Во насока на унапредување на билатералната соработка, од 22 до 24 април 2009 година во Скопје и Охрид, на покана на Управата за јавни приходи, претстојуваше делагација на Даночната Администрација на Албанија (ДПТ). Гостите од Албанија беа примени од директорот на УЈП, г-дин Горан Трајковски.

На средбата, покрај размената на искуство, теми на разговори беа соработката и продлабочување на добрите односи помеѓу двете соседни даночни администрации, како и можностите за понатамошно унапредување на соработката во одделни сфери на даночното работење. Истовремено, договорено е организирање на заедничка работилница во областа на надворешната контрола, со присуство на инспектори од двете даночни администрации, за новите техники за контрола на УЈП и ефикасна превенција на даночните измами во двете земји.

 


Покрај презентацијата и запознавањето со актуелните проекти и новините во работењето на македонската даночна администрација, гостите од Албанија го посетија и новоотворениот Контакт Центарот на УЈП.

Делегацијата од Даночната Администрација на Албанија беше во состав: г-дин Артур Папајани - Директор, г-дин Хасан Зазе - Директор на Регионалниот Директорат за големи даночни обврзници, г-дин Дефрим Маноку - Раководител на Оперативниот сектор во Дирекцијата за даночна контрола и Ерион Прифти - Директор на Дирекцијата за услуги на даночни обрзници и едукација.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија