Во периодот од 25.08.2025 - 31.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 90 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, бензиски пумпи и други трговски објекти за продажба на мало.
Контролите беа иницирани претежно по пријави од граѓани преку телефонскиот број 198 и беа реализирани во координација со други државни институции. Дополнително, инспекциски надзори беа спроведени и на музички и забавни настани со цел да се поттикне транспарентност, да се заштитат правата на потрошувачите и да се охрабрат даночните обврзници да ги почитуваат законските обврски.
Од 90 контролирани субјекти, кај 70 не се утврдени неправилности, а кај 20 субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет и тоа:
- 14 глоби за неиздавање на фискални сметки,
- 1 глоба за непоседување на фискален систем на опрема,
- 2 глоби за неводење на книга за дневни извештаи,
- 2 глоби заради тоа што фискалната сметка не ги содржи пропишаните елементи, односно во фискалната сметка не е посебно прикажан прометот од македонски производи и
- 1 глоба за неводење на итна сметководствена книга.
За утврдените неправилности донесени се 20 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За 3 субјекти поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).
Анализата на спроведени контроли и утврдени неправилности по градови е следна:
- Во Битола 4 глоби, од кои 3 за неиздавање на фискални сметки и 1 глоба за неводење на КДФИ,
- Во Куманово 1 глоба заради тоа што фискалната сметка не ги содржи пропишаните елементи, односно во фискалната сметка не е посебно прикажан прометот од македонски производи,
- Во Радовиш 1 глоба за неиздавање на фискални сметки,
- Во Прилеп 1 глоба за неиздавање на фискални сметки,
- Во Велес 1 глоба за неиздавање на фискални сметки,
- Во Демир Хисар 2 глоби за неиздавање на фискални сметки,
- Во Македонска Каменица 1 глоба за неиздавање на фискални сметки,
- Во Крива Паланка 2 глоди, и тоа 1 глоба за неиздавање на фискални сметки и 1 глоба за неводење на итна сметководствена книга,
- Во с.Зубовце, Врапчиште 1 глоба за неводење на КДФИ,
- Во Пробиштип 4 глоби, од кои 3 за неиздавање на фискални сметки и 1 глоба заради тоа што фискалната сметка не ги содржи пропишаните елементи, односно во фискалната сметка не е посебно прикажан прометот од македонски производи и
- Во Берово 2 глоби, од кои 1 глоба за неиздавање на фискални сметки и 1 глоба за непоседување на фискален систем на опрема.
Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.
На даночните обврзници каде со контролите за фискализација е утврден неевидентиран промет од страна на Управата за јавни приходи, им се укажува истиот да го евидентираат во книговодствената евиденција и соодветно да го прикажат во даночните пријави.
Кај даночните обврзници кои доброволно нема да ја усогласат својата книговодствена евиденција во насока на точно пријавување и плаќање на даночните обврски, Управата за јавни приходи ќе спроведе дополнителни надворешни контроли и ќе ги санкционира прекршителите на законските одредби.
Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници.