Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.05.2009
Во викенд контролите на УЈП – Констатирани неправилности кај 54 објекти

Во викенд контролите спроведени во делот на фискализација и по пријави на граѓани на телефонската линија 198, даночниот инспекторат на УЈП констатира неправилности во работењето кај 54 објекти во Скопје (Пластичарска улица, нас. Влае, нас. Ѓорче петров, нас. Аеродром, Дебар Маало) и Западна Македонија (Тетово, Гостивар, Кичево и Македонски Брод).

Спроведени се вкупно 116 контроли на малопродажни, угостителско-трговски објекти и обложувалници, од кои кај 44 даночни обврзници, инспекторите констатирале непочитување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки, а кај 10 субјекти утврдено е дека нерегистрирано вршат дејност.

Поради сторен прекршок во делот на фискализацијата, на даночните обврзници изречени им се глоби кои се движат од 200 до 1500 евра во денарска противвредност, и мерка времена забрана за вршење на дејност од 30 дена. Што се однесува до субјектите кои нерегистрирано вршат дејност, отпочната е процедура за нивно регистрирање како даночни обврзници.

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните и правните субјекти кои имаат обврска да инсталираат и користат фискален апарат и да го регистрираат готовинскиот промет, дека во наредниот период даночниот инспекторат ќе врши засилен инспекциски надзор во делот на фискализација.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија