Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28  
Recnik
25.02.2026
Работна средба на УЈП и ИСОС за унапредување на даночните процеси, меѓусебната комуникација и соработка

Денес, 25.02.2026 година во просториите на Генералната дирекција на УЈП, директорката на УЈП м-р Елена Петрова и нејзиниот тим одржаа работна средба со претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители - ИСОС, Весна Прентоска и работна група од ИСОС. Работната средба беше организирана на барање на ИСОС со цел унапредување на меѓусебната соработка и подобрување на оперативната комуникација, што е во заеднички интерес на УЈП, сметководителите и даночните обврзници.

На средбата беше истакната заедничката определба за воспоставување континуирана двонасочна комуникација, со цел размена и разгледување на предлози и иницијативи кои произлегуваат од праксата, со фокус на поедноставување на процедурите, зголемување на предвидливоста при користење на даночните услуги и зајакнување на соработката и работењето.

На барање на делегацијата од ИСОС, посебен акцент на состанокот беше ставен на актуелните процеси поврзани со поднесување на даночни пријави и сите тековни и идни даночни документи и извештаи. Од страна на претставниците на ИСОС беше посочено дека голем број сметководители и овластени сметководители реагираат дека се соочуваат со технички проблеми при поднесувањето на даночни документи и извештаи преку ИТ-системот на УЈП и затоа не се во можност навремено да ги поднесат ваквите документи, со што неоправдано се изложени на ризик од прекршочни санкции. Дополнително, од ИСОС беше побарано да се преиспитаат сите случаи на изречени прекршочни платни налози кон оние сметководители и овластени сметководители - членови на ИСОС, кои доставиле ДДВ пријави во рамки на усогласените временски рокови за поднесување, утврдени од страна на УЈП.

УЈП е свесна за состојбите на ИТ системите во кои долги години не е инвестирано со одржување и надградби. УЈП работи на тековни подобрувања, како и на долгорочното решение за воспоставување на нов интегриран ИТ систем. Во периодите на масовно поднесување даночни пријави и биланси, УЈП континуирано го следи функционирањето и брзината на системот. Во однос на тековното поднесување на јануарски ДДВ пријави, заклучно во 24 февруари ДДВ пријави поднеле 6.318 даночни обврзници од вкупно 8.170 од кои се очекува да поднесат во законскиот рок до 25 февруари. Воедно, со оглед на тоа дека истовремено се поднесуваат и исправки на ДДВ пријави, во системот вкупно се обработени 12.285 поднесоци, што е поголема бројка во однос на истиот период во 2025 година кога биле обработени 10.532 поднесоци. УЈП продолжува со тековниот мониторинг на процесот, имајќи во предвид дека деновиве изминуваат законските рокови за неколку видови пријави, а воедно ќе продолжи и тековната координација со ИСОС.

Во овој дел од дискусијата беа разгледани можностите за понатамошна оптимизација на системот на УЈП, преку соодветни алатки и подобрување на техничката поддршка. Двете страни ја нагласија важноста од стабилни и ефикасни системски решенија кои ќе обезбедат навремено и точно исполнување на даночните обврски и намалување на стресот кај сметководителите и времето потребно за исполнување на нивните обврски.

Во таа насока беше потенцирана потребата од партнерски пристап заснован на доверба, транспарентност и заемно разбирање на предизвиците со кои се соочуваат сметководителите, даночните обврзници и бизнис заедницата. ИСОС, како што беше појаснето од Прентоска, останува доследен на својата улога како активен и конструктивен партнер кој преку аргументирани предлози и експертски анализи придонесува кон креирање пофункционален и по предвидлив даночен систем.

Како следен чекор, двете страни се согласија дека постои потреба да се подготви и да се склучи Меморандум за соработка, со кој формално ќе се уреди рамката за редовна координација, размена на информации и заеднички активности, со цел континуирано унапредување на даночните процеси и зајакнување на институционалното партнерство.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија