Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
27.02.2026
Рокот за поднесување на „ДБ“, „ДБ-ВП“ и „ДБ-НП/ВП“ и корекција на ДДВ пријавите за 2025 година, за даночни обврзници кои ја доставуваат Годишната сметка до Централен регистар во хартиена форма, завршува на 02 март 2026 година

Управата за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници, кои ја доставуваат Годишната сметка до Централен регистар во хартиена форма, дека крајниот рок за поднесување на даночни биланси за данок на добивка образец „ДБ“, „ДБ-ВП“ и „ДБ-НП/ВП“ и на исправка на ДДВ-04 пријавите за 2025 година, е 28.02.2026 година.

Со оглед на тоа што 28.02.2026 година паѓа во сабота (неработен ден), согласно законските прописи со кои се уредуваат даночните рокови, како краен рок за поднесување на образците се смета првиот нареден работен ден, односно 02 март 2026 година (понеделник).

Управа за јавни приходи ќе врши прием на даночни биланси образец „ДБ“, „ДБ-ВП“ и „ДБ-НП/ВП“ како и на корекциите на ДДВ-04 пријавите за 2025 година и на 02 март 2026 година.

УЈП ги повикува даночните обврзници навремено да ја исполнат својата законска обврска и да ги достават даночните биланси и исправките во утврдениот рок, со цел обезбедување законито и транспарентно работење и избегнување на евентуални последици, санкции или стрес.

Дополнителни информации за начинот и постапката за поднесување на образците даночните обврзници можат да добијат преку надлежните организациони единици на Управата за јавни приходи, преку Контакт центарот на 02 3253 200, или на е-пошта info@ujp.gov.mk.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија