Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
24.07.2026
Фер туризам започнува со пријавен доход: УЈП со засилени активности во летната туристичка сезона

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност.

Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети - апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП спроведува повеќе паралелни активности:

  • објавување практични насоки за пријавување на доходот
  • директна комуникација и поддршка за даночните обврзници
  • поврзување со други институции на државно и локално ниво и споделување информации и податоци
  • анализи на ризик и насочени контроли
  • информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи.

Целта на Управата за јавни приходи не е само да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Доброволната усогласеност претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите.

УЈП потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски.

Истовремено Управата за јавни приходи ќе продолжи со ризично базирани анализи и контроли со цел да обезбеди еднаква примена на законите и да спречи нелојална кинкуренција кон оние кои совесно ги исполнуваат обврските.

Со фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите создаваме еднакви можности за сите и придонесуваме за одржлив развој на туризмот и економијата.

Погледнете ја Брошурата на УЈП - Фер туризам започнува со пријавен доход 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија