Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
07.12.2007
Наплатата на ДДВ поголема за 29%

Земајќи предвид дека ДДВ учествува со 55% проценти во вкупните национални даночни приходи, според податоците на УЈП во периодот јануари-ноември 2007 година, по основ на овој данок наплатени се 31.164.459.297,00 денари.

Приходите од ДДВ оваа година бележат континуиран пораст. УЈП за 11 месеци има реализирано поголема наплата на ДДВ и тоа за 6,7% повеќе од планираното, земајќи ги предвид измените и дополнувањата на Законот за Буџет, како и 29% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Само за изминатиот месец ноември, на име ДДВ наплатени се приходи во висина од 2.548.750.867 денари. Приход кој, исто така, е поголем од планираниот за 3% и од остварениот во истиот месец лани за 10,6%.

За 11 месеци, на барање на македонските фирми и даночни обврзници, Управата има реализирано враќање на ДДВ во висина 14.654.204.866 денари. Просечниот месечен поврат на ДДВ за овој период изнесува 1.332.2000.442,00 денари.

Овогодинешниот поврат на ДДВ не само што се реализираше навреме, туку е и поголем за 27% во споредба со минатата година. За илустрација, само за месец ноември Управата реализираше поврат од 2.128.983.082 денари, што е 87,6% повеќе од истиот месец лани.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија