Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
19.08.2009
FISCALIS 2013

Програмата Fiscalis 2013 е раководена од страна на Европската комисија во рамките на Генералниот директорат за оданочување и царина (DG TAXUD).

На 11 декември 2007 година Европскиот Парламент и Советот ја усвоија Fiscalis одлуката бр.1482/2007/EК, воспоставувајќи една заедничка програма Fiscalis 2013 (2008 – 2013), која има за цел да се подобри даночниот систем во внатрешниот пазар.


Времетраење на програмата

Програмата Fiscalis 2013 ќе се реализира во времетраење од шест години, почнувајќи од 1 јануари 2008 до 31 декември 2013 година. Целта на оваа програма е да се зголеми соработката и размената на информации, како и најдобрите практики помеѓу даночните администрации. Исто така, помага да се создадат модули за електронско учење и ИТ алатки, со цел да се олесни размената на даночни информации.

Клучни области

  • Електронска контрола
  • ДДВ
  • Доброволно усогласување
  • Административна соработка
  • Управување со ризик
  • Наплата на даноци и присилна наплата
  • Административна стратегија за е-Даноци
  • Взаемно разбирање и имплементација на даночната легислатива на ЕУ

Цели

Европската комисија секоја година ги поставува целите на Fiscalis 2013 во форма на годишна работна програма и ги истакнува приоритетите во полето на оданочувањето.

  • Зголемување на борбата против даночните измами т.е. ДДВ измами;
  • Постојано подобрување на административните процедури и практики во корист на администрациите и бизнис заедницата во ЕУ;
  • Размена на информации помеѓу националните даночни администрации како и со обврзниците, преку проектите како што се транс – европските даночни системи.

Активности

Активностите кои што се финансирани и организирани од страна на Европската комисија вклучуваат: семинари, работилници, проектни групи и работни посети.


Управа за јавни приходи и FISCALIS 2013

Управата за јавни приходи се приклучи кон оваа програма од 1 април 2009 година.
Преку неа УЈП ќе има можност да учествува на многубројни активности кои што се организираат во рамките на истата, а во исто време да црпи информации и искуства од развиените даночни администрации и да ги имплементира во нашата даночна администрација.

Националниот тим кој што работи на имплементација на програмата Fiscalis 2013 е составен од следните лица:

  1. Јасмина Цветаноска, Раководител на Сектор за меѓународна соработка – Национален координатор
  2. Виолета Сејзова, Главен генерален инспектор – Координатор за ДДВ
  3. Мухедин Авдиќ, Раководител на Сектор за услуги на даночни обврзници – Координатор за акцизи и директни даноци
  4. Билјана Јакимова, Помлад асистент во Сектор за меѓународна соработка – Член на националниот тим
  5. Авона Павичевиќ, Помлад асистент во Сектор за меѓународна соработка – Член на националниот тим


За повеќе информации околу програмата Fiscalis 2013, посетете ја веб страницата http://ec.europa.eu/Fiscalis

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија