Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
10.09.2009
Од 15 септември - ПОДНЕСУВАЊЕ И ПРИЕМ НА СИТЕ ВИДОВИ ОБРАСЦИ И ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ НА УЈП

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните и даночните обврзници дека од 15 септември 2009 година, сите видови обрасци (барања за издавање на уверенија и потврди, даночни пријави и сл.) кои се доставуваат до Регионалните Дирекции може да ги поднесуваат и во Контакт Центарот на УЈП без разлика на местото на живеалиште на граѓанинот, односно местото на седиште на правното лице.

Со поднесување на обрасците, барањата, даночните пријави во Контакт Центарот се олеснува даночната постапката за граѓаните од Скопје, како и за оние лица кој се со привремено живеалиште или работа во Скопје.

Исто така, во Контакт центарот на УЈП може да се поднесуваат сите видови обрасци (барања, даночни пријави и сл.) кои ги поднесуваат и правните лица независно од нивното седиште.

 

Користете ги услугите на Контакт Центарот на УЈП

Услугите се достапни за сите даночни обврзници без разлика на местото на живеалиште, односно местото на седиште
• Користете брза и квалитетна услуга и заштедете време и
• Намалете ги трошоците за исполнување на даночните обврски - од сега не мора да патувате или да ги испраќате даночните пријавa по пошта за навремено да ги исполните Вашите обврски.
 

Контакт Центарот на УЈП е лоциран во Градски Трговски Центар (II кат, над Кино Милениум).

Услугите на Приемната канцеларија на Центарот се достапни секој работен ден и сабота од 09:00 до 20:00 часот.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија