Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.09.2009
ЕФЕКТИ ОД АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ - по завршувањето на вториот рок Отпишани 728 милиони денари камати

По завршувањето на вториот рок (од 1 мај до 31 август 2009) за “отпис на каматите” на неплатените обврски за јавните давачки и споредните даночни давачки, Управата за јавни приходи отпиша 68,5 милиони денари камати на 300 даночни обврзници.

За целиот период од воведувањето на владината антикризна мерка, односно во првите два периода во кои даночните обврзници можеа да го искористат правото на 100% и 75% “отпис на камати”, 1015 даночни обврзници извршиле уплата на јавни давачки со што УЈП изврши отпис на камати во вкупен износ од 728 милиони денари. По основ на уплатите на главниот долг и спoредните јавни давачки, како услов за отпис на каматите, во Буџетот на РМ наплатени се 926 милиони денари заостанати долгови на даночните обврзници.

На даночните обврзници кои поднеле Барање за отпис на камати до УЈП им остануваат уште четири месеци, од 1 септември до 31 декември 2009 година, за уплата на главниот долг и споредните даночни давачки во третиот законски утврден рок и да го искористат своето право за отпис на 50% од каматата.

ЕФЕКТИ АНТИКРИЗНА МЕРКА “ОТПИС НА КАМАТИ”

Втор рок 75% отпис на камати
(од 01.05.2009 до 31.08.2009 година)

Кумулативно - Прв и втор рок
(од 01.01.2009 до 31.08.2009 година)

Јавна давачка

Број на обврзници кои платиле

Наплатен износ (главен долг и споредни јавни давачки)

Извршен отпис на камата

Број на
обврзници кои
платиле

Наплатен износ (главен долг и споредни јавни давачки)

Извршен отпис на камата

270 162.775.412,50 65.484.342,00 537 632.854.327,50 556.685.064,00

ДАНОЦИ
(персонален данок на доход, данок на добивка, данок на додадена вредност)

30 25.912.019,00 3.040.404,00 478 293.623.401,00 171.520.951,00

ПИО
(придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување)

300 188.687.431,50 68.524.746,00 1.015 926.477.728,50 728.206.015,00  

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија