Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
23.11.2007
Фискална дисциплина и функционални даночни постапки

Управата за јавни приходи ги поздравува одлуките на Уставниот Суд на Република Македонија, со кои се укинуваат дел од одредбите во Законот за даночна постапка.

Од аспект на УЈП, донесените одлуки се само уште еден чекор кон подобрување на законската регулатива која ја уредува даночна проблематика, како и обезбедување на функционални прописи во Република Македонија.

Имено, Управата за јавни приходи во месец јуни оваа година до Министерството за финансии достави Предлог измени на Законот за даночна постапка, во кои меѓу другото се избришани и укинатите членови од Уставниот Суд.

Иземањето на истите тие членови во новите Предлог Измени на Законот се наметна како неопходност, пред се заради усогласување со Законот за прекршоци и европската регулатива, но и заради отстранување на непотребните елементи кои во пракса се покажа дека дополнително ја оптоваруваат даночната постапка и се нефункционални.

Со донесувањето на Измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка не само што ќе се зајакне положбата на Управата за јавни приходи и фискалната дисциплина во Р. Македонија, туку и ќе се обезбеди еднаков и фер третман на даночните обврзници, што е и основна цел на УЈП.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија