Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
27.10.2009
Оданочување на приходи од кирија во случаи кога имотот се издава на физичко лице или на фирма

Граѓанинот кој во текот на годината започнал да остварува приходи од издавање на имот и имотни права под закуп или подзакуп (кирија), на фирма или на друго физичко лице/граѓанин ИМА ОБВРСКА до даночната канцеларија на УЈП на чија територија се наоѓа имотот, во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите, да поднесе Аконтативна даночна пријава (образец „ПДД-АДП/ПИ“), со приложување на Договорот за закуп.

Кој го плаќа данокот во случај кога граѓанинот имотот го издава на друго физичко лице/граѓанин?
Доколку Договорот за закуп е склучен помеѓу две физички лица/граѓани, во тој случај персоналниот данок на доход од приходи од имот и имотни права го утврдува УЈП, врз основа на поднесената даночната пријава и податоци кои се од значење за утврдување на данокот.
Во ваков случај, УЈП на граѓанинот кој остварува приходи од кирија му издава Решение со кое го задолжува со персонален данок на доход.


Кој го плаќа данокот во случај кога граѓанинот имотот го издава на фирма?

Доколку граѓанинот го издава под кирија имотот на фирма, односно како договорни странки се јавуваат физичко лице (закуподавач) и правно лице или самостоен вршител на дејност (закупец), обврска да го пресмета, задржи и плати персоналниот данок во име на граѓанинот има исплатувачот на приходот (киријата) т.е во овој случај фирмата или самостојниот вршител на дејност.
За пресметаниот и платен „данок по одбивка“, правното лице односно самостојниот вршител на дејност е должен:

  • да го пресмета персоналниот данок на доход за сметка на граѓанинот (закуподавачот), и истиот да го плати на прпопишаната уплатна сметка;
  • на граѓанинот/закуподавач, при секоја исплата на приходот (закупнината) да му издаде пресметка на аконтацијата на данокот на доход , а по истекот на годината да му издаде и збирен податок за вкупно платените аконтации, најдоцна до 15 февруари наредната година (за 2009 година - најдоцна со 15 февруари 2010 година) и
  • до Управата за јавни приходи по истекот на годината, да достави Годишен извештај за остварувачот на приходите, за исплатените приходи и за платените аконтации на данокот најдоцна до 15 февруари наредната година (за 2009 година - најдоцна со 15 февруари 2010 година).

На исплатувач на приходите (правното лице или самостојниот вршител на дејност) ќе му биде изречена глоба од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност, доколку не ги исполни гореневедените обврски кон граѓанинот кој го издава имотот под закуп и кон Управата за јавни приходи.

Корисни информации

* Под приходи од имот и имотни права се подразбираат приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови на имот.

За повеќе информации во врска оданочувањето на приходите од имот и имотни права кликни тука и преземете ја публикацијата на УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија