Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
04.11.2009
Измени на Закон за ДДВ - Месечно враќање на ДДВ за инвестиции и задолжителна регистрација за ДДВ за остварен промет над 1,3 милиони денари

* Собранието на Р.М. на 78-та пленарна седница одржана на ден 02.11.2009 година го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се објавени во „Службен весник на Р.М.“, бр. 133 од 03.11.2009 година.

Повластена даночна стапка на првиот промет на станбени објекти
Со најновите измени на Законот за ДДВ се воведува повластена даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови, во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој промет ќе се изврши во период до пет години по изградбата. Повластената даночна стапка од 5% ќе се применува до 31.12.2011 година.


Отуѓувањето на деловен потфат или дел од деловен потфат подлежи на оданочување со ДДВ

Се брише членот 5 од законот, според кој не се смета за промет на добра преносот на целокупниот имот или на дел од имотот, со или без надоместок или како влог, доколку стекнувачот кој е даночен обврзник, или со извршувањето на преносот станува даночен обврзник, ја продолжува истата дејност.
Со бришењето на членот, преносот на целокупниот имот или на дел од имотот (отуѓување на деловен потфат или дел од деловен потфат) ќе подлежи на оданочување со данокот на додадена вредност.

Примената на членот 5 од законот во праксата беше отежната од причина што не можеше со сигурност да се утврди дали стекнувачот на имотот или на дел од имотот ја продолжува истата дејност. Исто така, имаше појави даночни обврзници кои не обавуваат стопанска дејност (даночни обврзници во стечај) да го користат овој член и при преносот на имотот во фактурите да не пресметуваат ДДВ.
Со бришењето на овој член се овозможува примена на општите одредби на ЗДДВ според кои прометот на добра подлежи на оданочување со данок на додадена вредност.
Во случај на статусни промени (поделба, припојување кон друг даночен обврзник и слично), не настанува промет на добра, што значи дека не постои ниту обврска за пресметување на данок на додадена вредност.
Прометот на удели на претпријатија е ослободен од данок на додадена вредност.
Продажбата на дел од деловен потфат - недвижен имот, опрема, машини и слично, подлежи на оданочување со данокот на додадена вредност.

Месечно враќање на ДДВ кај инвестиционите вложувања
Во делот на инвестициите, им се дава можност на даночните обврзници кои имаат големи влезни исполнувања по основ на инвестициони вложувања во првата, како и во наредните години на инвестирање, а кои немаат излезен промет и кои, согласно законот, би биле годишни даночни обврзници, ДДВ-то да го пресметуваат, плаќаат и враќаат во даночен период пократок од една календарска година (календарски месец). Ова право даночните обврзници може да го остварат со исполнување на одредени услови од законот и врз основа на поднесено барање до Управата за јавни приходи, започнувајќи од 1 јануари 2010 година (дополнување на членот 39).


Нови обврски за даночните обврзници за ДДВ

Даночните обврзници за ДДВ, со даночната пријава за соодветниот даночен период, имаат обврска да поднесат и периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања и периодичен извештај од банкарските сметки преку кои даночниот обврзник го остварува своето работење ( дополнување на членот 41).

Исто така, се ограничува поднесувањето на исправки на даночните пријави од страна на даночните обврзници и тоа до рокот за доставување на годишната сметка (дополнување на членот 41-а).


Задолжителна регистрација за цели на ДДВ за остварен вкупен промет над 1.300.000 денари во текот на календарската година

Законот воспоставува и нова обврска за даночните обврзници кои во текот на календарската година го остварат прагот за регистрација за ДДВ, односно остварат вкупен промет над 1.300.000 денари. Во овој случај, даночниот обврзник задолжително треба да се регистрира за целите на ДДВ од месецот кој следи по истекот на месецот кога е остварен прометот од 1.300.000 денари. Овие даночни обврзници се должни Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) да ја поднесат најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот (дополнување на членот 51).
ВАЖНО: Даночните обврзници кои заклучно со месец ноември 2009 година ќе остварат вкупен промет над 1.300.000 денари, ќе бидат обврзани да се регистрираат за целите на ДДВ од 1 декември 2009 година и до 15-ти декември 2009 година ќе бидат должни да поднесат Пријава за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) до Регионалната дирекција на УЈП на која припаѓаат. Даночниот обврзник при поднесување на Даночната пријава на ДДВ (образец ДДВ-04) за првиот даночен период, треба да го поднесе и образецот ДДВ-05/1 како прилог кон ДДВ пријавата доколку ги исполнува условите за одбивка на претходниот данок.


Службена дерегистрација на даночните обврзници

Со дополнувањето на членот 51 од законот, се прошируваат основите за службена дерегистрација на даночните обврзници за ДДВ од страна на Управата за јавни приходи.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија