Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
06.11.2009
До 31 декември - Искористете го правото за “отпис на камати“

На даночните обврзници кои поднеле Барање за отпис на камата до УЈП, им преостанува уште краток период, најдоцна до 31 декември 2009 година, да ги искористат можностите кои ги нуди Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување.

Во третиот период на плаќање на главниот долг и споредните даночни давачки, предвиден е отпис на 50% на каматите кои ги должи даночниот обврзник, доколку уплатата на главниот долг и споредните даночни давачки обврзникот ја изврши во периодот од 1 септември 2009 година до 31 декември 2009 година.

Пред истекот на крајниот рок за “отпис на камати“, 1105 даночни обврзници ги искористиле поволностите на оваа антикризна мерка. Заклучно со месец октомври, за да го реализираат своето право, даночните обврзници по основ на главен долг и споредни јавни давачки уплатиле 950 милиони денари. Преку уплатата на овие средства, што претставува и услов за отпис на каматите кои даночните обврзници ги должеле заклучно со 31.12.2008 година, отпишани се долгови по основ на камати на фирмите во вкупен износ од 736 милиони денари.

 

Корисни информации

Преземи Соопштение УЈП/Право на отпис на камати за доспеани обврски за јавни давачки и споредни даночни давачки заклучно со 31.12.2008 година

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија